Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: До петок нема да има блокади на граничните премини Евзони и Ники
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > До петок нема да има блокади на граничните премини Евзони и Ники
БАЛКАН

До петок нема да има блокади на граничните премини Евзони и Ники

Објавено December 23, 2025 14:03
Сподели
Сподели

Сообраќајот на граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја за влез и излез од Грција, во следните денови, до петок ќе се одвива непречено, со оглед на тоа што грчките земјоделци одлучиле привремено, поради Божиќ, да ги стават во мирување блокадите, според грчката новинска агенција АНА-МПА, но тракторите ќе останат паркирани на границите, јави дописничката на МИА од Атина.

На граничниот премин Евзони (Богородица) земјоделскиот блок со над 300 трактори беше поставен на 1 декември, а сообраќајот секојдневно се блокираше на неколку часа, првично претпладне и попладне, а во изминатиот период само во попладневните часови.

Според АНА-МПА во текот на денот тракторите и земјоделските возила поставени на средината на коловозот ќе бидат тргнати и земјоделците ќе ги паркираат на левата и десната страна, со што целосно ќе се ослободат сообраќајните ленти и ќе се овозможи непречено минување на товарни возила, туристички автобуси и патнички автомобили.

Сепак земјоделците ќе останат и планираат таму да ги поминат празниците, но без да се попречува нормалното одвивање на сообраќајот.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд
Слична е ситуацијата и на Ники (Меџитлија) каде што земјоделците одлучиле до петок да не го блокираат сообраќајот.

Од друга страна, остануваат, барем во текот на денешниот ден, блокадите на граничните премини Промахонас и Ексохи кон Бугарија, но само за товарни возила.

Во однос на блокадите низ цела Грција, целта на земјоделците во пресрет на Божиќ е да ги отворат автопатите за граѓаните непречено да стигнат до нивните дестинации, но без при тоа да ги повлечат целосно тракторите.

Нивниот план е тракторите да останат паркирани на крајот на автопатите, за што полицијата смета дека не е безбедно на таков начин да се одвива сообраќајот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Експлозија на АИ-поврзани јавни понуди во Кина: Нови можности и предизвици
Следна Статија Бинанс дозволил сомнителни сметки да работат по договорот со САД во 2023 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Вучиќ: Целта е да почнеме да користиме летечки автомобили во Србија во 2027 година

Целта на Србија е да почне да користи летечки автомобили во земјата во 2027 година, изјави вечерва во Давос претседателот…

January 20, 2025
БАЛКАН

Повторно затворање на граничниот премин Евзони

Околу 14 часот по локално време, грчките фармери повторно го затворија граничниот премин Евзони за проток на луѓе и возила…

December 5, 2025
БАЛКАН

На денешен ден Солана даде наредба да се бомбардира Србија

На денешен ден пред 26 години почнаа воздушните напади на НАТО врз Сојузна Република Југославија. Сирените за воздушен напад се…

March 24, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО) Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

Силно невреме проследено со пороен дожд и грмежи го зафати поголемиот дел од Србија, а во некои делови од државата…

April 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?