Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: До петок нема да има блокади на „Евзони“ – грчките земјоделци ги ставија протестите во мирување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > До петок нема да има блокади на „Евзони“ – грчките земјоделци ги ставија протестите во мирување
БАЛКАН

До петок нема да има блокади на „Евзони“ – грчките земјоделци ги ставија протестите во мирување

Објавено December 31, 2025 14:24
Сподели
Сподели

Земјоделците во цела Грција ќе ги стават во мирување блокадите на автопатиштата и граничните премини и ќе овозможат непречено одвивање на сообраќајот, а со цел да се олесни патувањето на граѓаните за Нова година. Блокадите ќе мируваат од денеска до петок, додека за в недела е најавен состанок на кој грчките земјоделци ќе одлучат за следните чекори, јави дописничката на МИА од Атина.

Граничниот премин „Евзони“ кон нашата земја изминатите четири дена, заклучно со вчера, беше блокиран во два наврати, од 12 до 16 и од 18 до 22 часот по локално време, од страна на земјоделците, чии трактори и во наредните три дена ќе останат паркирани на границата, но нема да го попречуваат сообраќајот.

Инаку, грчките земјоделци на почетокот на нивните протести најавија дека ако е потребно, Божиќ и Нова година ќе ги дочекаат на блокадите.

В недела напладне, кај патарината „Малгара“ во близина на Солун, ќе се одржи состанок на кој ќе присуствуваат претставници од сите земјоделски ограноци во Грција, на кој ќе разговараат и ќе одлучат за следните чекори.

Протестите на земјоделците во Грција траат веќе еден месец. Тие започнаа на 30 ноември поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, како и поради скандалот со субвенциите од Европската Унија за земјоделството.

Едно од нивните главни барања е исплата на заостанатите субвенции.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 85-годишен скопјанец остана без 5.000 евра
Следна Статија Учениците од денеска на зимски распуст

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Атина се крена за железничката несреќа пред три години

– Под слоганите „Не беше несреќа, беше убиство“, „Правда за загинатите“, „Криминалот од Темпи да не се скрие“, илјадници граѓани…

February 28, 2026
БАЛКАН

Грчкиот Парламент денеска ќе гласа дали да се воведе 13-часовен работен ден – би бил најдолгиот во Европа

Грчките пратеници денес треба да гласаат за контроверзна реформа што би ѝ овозможила на централно-десничарската влада да воведе 13-часовен работен…

October 15, 2025
БАЛКАН

Исто како Груевски: Унгарија планира да му помогне на Додик да избега од БИХ

Унгарија, наводно, испратила полицајци во Босна и Херцеговина за да му помогнат на претседателот на ентитетот на Република Српска, Милорад…

March 28, 2025
БАЛКАН

Српски студенти во блокада в среда тргнуваат со велосипеди до Стразбур да се обратат во европски институции

Студенти од Универзитетот во Нови Сад в среда најавија дека тргнуваат на велосипедско патување до Стразбур, со цел да го…

March 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?