Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: До петок нема да има блокади на „Евзони“ – грчките земјоделци ги ставија протестите во мирување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > До петок нема да има блокади на „Евзони“ – грчките земјоделци ги ставија протестите во мирување
БАЛКАН

До петок нема да има блокади на „Евзони“ – грчките земјоделци ги ставија протестите во мирување

Објавено December 31, 2025 14:24
Сподели
Сподели

Земјоделците во цела Грција ќе ги стават во мирување блокадите на автопатиштата и граничните премини и ќе овозможат непречено одвивање на сообраќајот, а со цел да се олесни патувањето на граѓаните за Нова година. Блокадите ќе мируваат од денеска до петок, додека за в недела е најавен состанок на кој грчките земјоделци ќе одлучат за следните чекори, јави дописничката на МИА од Атина.

Граничниот премин „Евзони“ кон нашата земја изминатите четири дена, заклучно со вчера, беше блокиран во два наврати, од 12 до 16 и од 18 до 22 часот по локално време, од страна на земјоделците, чии трактори и во наредните три дена ќе останат паркирани на границата, но нема да го попречуваат сообраќајот.

Инаку, грчките земјоделци на почетокот на нивните протести најавија дека ако е потребно, Божиќ и Нова година ќе ги дочекаат на блокадите.

В недела напладне, кај патарината „Малгара“ во близина на Солун, ќе се одржи состанок на кој ќе присуствуваат претставници од сите земјоделски ограноци во Грција, на кој ќе разговараат и ќе одлучат за следните чекори.

Протестите на земјоделците во Грција траат веќе еден месец. Тие започнаа на 30 ноември поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, како и поради скандалот со субвенциите од Европската Унија за земјоделството.

Едно од нивните главни барања е исплата на заостанатите субвенции.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 85-годишен скопјанец остана без 5.000 евра
Следна Статија Учениците од денеска на зимски распуст

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Една година од падот на настрешницата во Нови Сад: Се подготвува голем комеморативен собир за жртвите

Илјадници луѓе во Нови Сад им оддадоа почит на жртвите од трагедијата на железничката станица во Нови Сад со 16-минутен…

November 1, 2025
БАЛКАН

Јотова повтори дека Бугарија нема намера да ги спроведува пресудите на Стразбур за „ОМО Илинден Пирин

Бугарската претседателка Илијана Јотова повика на посилна дипломатија на Бугарија во регионот. Нашето отстапување од влијанието на Балканот не е…

July 22, 2026
БАЛКАН

Илјадници луѓе седма ноќ го блокираа РТС

Студентите седма ноќ ја минаа во блокада пред зградата на Радио телевизија на Србија (РТС) во Белград. Тие го наполнија…

April 21, 2025
БАЛКАН

ВМРО-ДПМНЕ Албанија и офицјално регистрирана во Република Албанија

ВМРО-ДПМНЕ Албанија и офицјално преку судот е регистрирана во Република Албанија. Ваквата вест преку социјалните мрежи ја соопшти претседателката на…

September 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?