Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: До 14 часот не излегувајте со автомобил: Сообраќаен режим во Скопје поради 21. Виз Ер Скопски маратон
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > До 14 часот не излегувајте со автомобил: Сообраќаен режим во Скопје поради 21. Виз Ер Скопски маратон
МАКЕДОНИЈА

До 14 часот не излегувајте со автомобил: Сообраќаен режим во Скопје поради 21. Виз Ер Скопски маратон

Објавено October 5, 2025 09:12
Сподели
Сподели

Поради претстојното 21. издание на Виз Ер Скопски маратон, што се одржува денеска, а на кој ќе учествуваат рекордни над 14.000 натпреварувачи од 58 земји, ќе важи привремен режим на сообраќај во главниот град.

Како што посочува организаторот, одредени улици ќе бидат целосно или делумно затворени за сообраќај во периодот на одржување на маратонот, а променетиот режим ќе биде на сила до завршувањето на маратонот, до 14:00 часот.

Целта на сите трки е на Плоштад Македонија. Стартот на маратонската, полумаратонската и штефатната трка e во 08:05 часот пред републичкото Собрание, додека натпреварувачите на Комерцијална Банка трката на 5 км ќе стартуваат во 08:00 часот во близина на Црвениот крст на РМ и ќе се движат во насока на Аеродром.

Трасата на Комерцијална Банка 5K трката почнува во близина на Црвениот крст на РМ, право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Васко Карангелевски“ и по истата траса назад до целта – Плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“.

Патеката за маратонската трка, полумаратонот и штафетната трка, ќе стартува на улицата „11 Октомври“ пред Собранието и тргнува во правец кон запад по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Тркачите ќе трчаат право во двете насоки до крај на овој булевар и продолжуваат право по ул. „Васил Чакаларов“, каде по семафорите во населба Хром, ќе свртат полукружно и ќе се вратат во правец кон центар по истите улици и булевари. Кога ќе се враќаат тркачите кај Собрание, ја продолжуваат трасата по улица „11 Октомври“ кон Црвен Крст и ќе свртат кај Тутунски комбинат лево на бул. „Крушевска Република“ и десно на „Трета Македонска Бригада“. По неа ќе се трча до раскрсницата кај Американ Колеџ и ќе се врти лево по улица „Васко Карангелески“. Потоа ќе трчаат право сѐ до раскрсницата со бул. „Јане Сандански“.

На раскрсницата ќе се врти десно и ќе се трча сѐ до раскрсницата со Бул. „Србија“, каде, пред неа се врти полукружно во истата коловозна страна (другата страна од булеварот е слободна за сообраќај во правец кон Центар) и ќе трчаат до пред раскрсницата кај Тобако 2. Тркачите полукружно ќе се враќаат до раскрсницата кај Сансет, ул. „Васко Карангелески“, десно до крај и повторно десно ќе излезат на „Трета Македонска Бригада“. Трчаат по истата патека до Собрание, со тоа што полумаратонците финишираат на Плоштад Македонија, а маратонците трчаат уште еден круг.

За време на одржувањето на маратонот сообраќајот ќе биде пренасочуван по околните улици, при што МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници долж трасите на движење и навремено да го планираат своето движење.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓорѓиевски: Ние ќе ги решаваме проблемите на скопјани, оваа битка не е само битка за поубави и почисти улици и паркови, ова е битка за душата на нашиот главен град
Следна Статија Албион Имери од Албанија и Греса Бакрачи од Косово најбрзи на полумаратонот во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Српскиот патријарх за признавањето на МПЦ: Eпархиите нa територијата на денешна Македонија, не ѝ припаѓале на Српската православна црква

Македонскиот раскол, благодарение на Божјата љубов и промисла е исцелен, па сега таму имаме браќа и сестри во потполната смисла…

May 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Службените возила, од утре, со регистарски таблички во друга боја

Сите државни институции и јавни правни лица ќе имаат обврска најдоцна до 15 септември 2025 година да ги заменат регистарските…

September 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пожар во депонијата „Дрисла“

Голем пожар попладнево избувнал во депонијата Дрисла, извести Стојанче Ангелов, директор на Дирекција за заштита и спасување. Повеќе информации се…

September 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДКСК со потпис на Димитровска отфрлила две пријави поврзани со „Адитив“

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), со потпис на претседателката Татјана Димитровска, која е осомничена за оддавање службена тајна,…

April 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?