Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДПИ: Има зголемувања на цените во малопродажба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ДПИ: Има зголемувања на цените во малопродажба
ЕКОНОМИЈА

ДПИ: Има зголемувања на цените во малопродажба

Објавено June 28, 2025 13:59
Сподели
Сподели

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски денеска на прес-конференција во Владата информираше дека има одредено зголемување на цените во малопрдажба, додека во големопродажба цените се вратени на ниво како пред одлуките за ограничување на маржите и замрзнување на цените што завршија на 30 април годинава.

– Има одредени зголемувања на цените на пазарите во малопродажба, додека во големопродажба начелно цените се вратени како пред одлуката. Има одредени зголемувања од три до пет проценти кај производите со најголем обрт, додека кај оние со помал обрт како производи за лична хигиена, бебешка храна, пелени се движат од 10 до 20 проценти. Забележани се намалувања од 20 до 100 проценти кај зеленчукот и овошјето, рече Стојкоски.

Анализата од ДПИ пред 10-тина дена е доставена до Министерството за економија и труд и таа се темели на извршена контрола направена кај трговците на мало и трговците на големо со која биле опфатени повеќе од 100 субјекти или над 1000 продажни места.

Според Стојкоски, се работи за обемна анализа што треба да биде разгледана по што ќе се произнесе Министерството за економија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче од Берлин: Овде сум да ги бранам позициите на Македонија, „современ“ пред јазикот не смее да помине
Следна Статија (ВИДЕО) Тежок судир на трката во Формула 2

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Славески за „Топ 100 извозници“: Новите трговски политики и продолжената светска неизвесност се јасен потсетник за важноста на силните домашни економски фундаменти

„Во услови на зголемена светска неизвесност и променлива економска средина, силните домашни економски фундаменти се клучот за зачувувањето на стабилноста…

November 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

„Идејата не банкротира“- Зоран Витанов започнува план за нова апликација и обнова на мрежата

„Не ја менуваме нашата мисија, само ја менуваме патеката. Јас сум со вас и пред вас – и нема да…

August 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

БОРБА ЗА ПРЕСТОЛОТ ВО ССК: Извршната директорка Јаневска контра претседателот Ангеловски

Кулминираше борбата за превласт во Сојузот на стопански комори. Извршната директорка Сузана Јаневска преку свој приватен меил соопшти дека било…

July 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Средба со заменикот на генералниот директор на ММФ: Силна и независна централна банка – клучот за одржување на стабилноста во услови на неизвесност

„Народната банка спроведе навремени и соодветни монетарни и макропрудентни мерки, коишто овозможија стабилизирање на инфлацијата, одржување стабилен курс на денарот…

April 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?