Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Државниот јавен обвинител не смее да има двојно државјанство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Државниот јавен обвинител не смее да има двојно државјанство
МАКЕДОНИЈА

Државниот јавен обвинител не смее да има двојно државјанство

Објавено March 19, 2026 13:41
Сподели
Сподели

Пратениците на денешната собраниска Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците го прифатија амандманот во новиот предлог-закон за Јавното обвинителство, државниот јавен обвинител да не поседува двојно државјанство. Пратеникот Сали Мурати од име на пратениците што го имаат предложено овој амандман објасни дека со него се предвидува државниот јавен обвинител не смее да поседува државјанство на друга држава.

Целта на овој амандман е да се зајакнат интегритетот, независноста и веродостојноста на функцијата јавен обвинител како една од највисоките и најчуствителни јавни функции во правосудниот систем. За овој амандман гласаа осум пратеници, а еден беше против. Меѓу пратениците на денешната Комисија се разви дебата за овој амандман, а го прифатија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, но не и пратеничката Весна Бендевска од ЗНАМ.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, рече дека овој амандман е прифатлив за нивната пратеничка група бидејќи ваква одредба да се нема двојно државјанство има и за македонските амбасадори.

Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, позитивно се изјасни и истакна дека при реформите во АНБ ваква одредба е донесена и за оваа институција.

Пратеничката Бендевска, пак, е на став дека не треба да се ограничува и треба да се води смета за граѓаните што се иселиле и се враќаат назад во својата држава.

Од страна на пратениците од десетте разгледани амандмани на предлог-законот за Јавното обвинителство прифатен беше и амандманот кој се однесува на член 22, став 2 и со него се предвидува да се избрше овој став, а се однесува на можноста јавниот обвинител, кој постапува по конкретен предмет, во случај доколку не се согласува со мислењето од стручниот колегиум, да се изземе од постапување. Двата амандмана се прифатливи и за Министерството за правда. Седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците беше прекината поради одржување седница на македонското Собрание, а работата на оваа Комисија ќе продолжи по завршувањето на пленарната седница.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На Андрија кој боледува од ретка болест: Го запозна Вучиќ кој му подари шах (ФОТО)
Следна Статија СДСМ звучи како евтин АИ, многу зборови но никаква суштина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Владата почна постапка за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски

Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.  Одлуката, попладнево на прес-конференција, ја соопшти…

February 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски очекува утре институциите да објават податоци кои се потврда на политиките на краток рок

Очекувам во текот на утрешниот ден некои податоци кои што ќе ги објават институциите да бидат пријатно изненадување и потврда…

November 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Во Битола ќе се основа Факултет за медицински науки и здравство

Владата на 74 седница донесе и две важни одлуки од областа на образованието и тоа: Владата ја разгледа и усвои…

May 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Гутереш изрази целосна поддршка и солидарност со нас, на средбата со Калас укажав на двојните стандарди на ЕУ

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, изрази целосна солидарност со нас и целосна поддршка и обете ги врза за…

September 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?