Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дуда: Се надевам дека Трамп ќе биде остар и со Путин, а не само со Зеленски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Дуда: Се надевам дека Трамп ќе биде остар и со Путин, а не само со Зеленски
СВЕТ

Дуда: Се надевам дека Трамп ќе биде остар и со Путин, а не само со Зеленски

Објавено March 5, 2025 18:28
Сподели
Сподели

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска го советуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски да се врати на преговорите со американскиот претседател Доналд Трамп како што разговараат двајца бизнисмени и изрази надеж дека Трамп ќе биде исто толку остар кон рускиот претседател Владимир Путин како и со Зеленски, бидејќи неговата единствена цел е мирот.

  • Тоа е многу остра игра. Верувам дека тоа е елемент на многу острата тактика со која се оди кон тие преговори, бидејќи треба да имаме предвид дека сме во фаза на одење кон преговори. Разговарав со Трамп пред една недела и можам да кажам дека тој има единствена цел. Тој сака да стави крај на војната во Украина, таа трагедија, тоа што толку многу луѓе гинат. Ситуацијата е напната. Она што се случи во Овалната соба е без преседан, изјави денеска Дуда за полската приватна телевизија ТВН24.

Дуда рече дека го советувал Зеленски да се врати на разговорите со Трамп што е можно поскоро.

  • Му реков „го познаваш Трамп, си имал можност да го запознаеш и знаеш дека поголемиот дел од својот живот го поминал во бизнис“. Му реков: „Владимир, и ти дојде во политиката од бизнис, разговарајте со Трамп како бизнисмен со бизнисмен и обидете се да се договорите за услови кои ќе бидат од корист за двете страни, рече Дуда.

На прашањето зошто Трамп се обидува да изнуди отстапки од Зеленски, а не од Путин и зошто Кремљ е задоволен што американската политика со Трамп се менува во согласност со руската визија, полскиот претседател одговори дека никој не знае каква игра Трамп игра со Путин, бидејќи нема информации за содржината на нивните телефонски разговори.

  • Ве молам, некој да претстави идеја како да се стави крај на војната во Украина. Да се победи Русија? Убаво, но што значи тоа? Најпрво споделувам еден став. Крај на војната е можен само доколку страните почнат преговори. Се надевам дека резултатот од овие преговори ќе биде траен мир, бидејќи тоа денес е најважно за Полјаците, рече Дуда.
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Опожарени две возила „рено кангу“ и БМВ, интервенирале пожарникари
Следна Статија Девојчето кое беше пријавено за исчезнато се вратило дома

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп и Орбан ќе се сретнат во Белата куќа, руската нафта и билатералната соработка меѓу темите

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Белата куќа за…

November 7, 2025
СВЕТ

Маск не е заинтересиран за позиција во идната администрација на Трамп

Американскиот милијардер Илон Маск најверојатно нема да биде во идната администрација на Доналд Трамп, а во исто време расте неговото…

November 11, 2024
СВЕТ

Сијарто: Само изговор им е дека консензусот е пречка за проширувањето

Идеална ситуација би била ако Македонија и Босна и Херцеговина одржат меѓувладини конференции за старт на преговорите до крајот на…

October 15, 2024
СВЕТ

Обид за ангажирање платен убиец: Маж планирал атентат врз Орбан

Спречен е маж поради наводно планирање заговор за атентат врз унгарскиот премиер Виктор Орбан, објави синоќа Националното истражно биро на…

August 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?