Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДУИ: Албанците се недоволно застапени во неколку клучни институции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ДУИ: Албанците се недоволно застапени во неколку клучни институции
ПОЛИТИКА

ДУИ: Албанците се недоволно застапени во неколку клучни институции

Објавено June 7, 2025 15:56
Сподели
Сподели

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост во врска со најновите извештаи за недоволната застапеност на Албанците на одлучувачки позиции во државните институции на Македонија. Според анализа објавена во неколку медиуми, Албанците се недоволно застапени во неколку клучни институции, вклучително и Претседателството, Министерството за дигитална трансформација, Министерството за спорт, Народната банка, МЕПСО и Агенцијата за администрација, соопштија денес од партијата.

Оттаму велат дека овој диспропорционален однос е особено загрижувачки по укинувањето на механизмот „Балансер“ од страна на Уставниот суд на 9 октомври 2024 година, кој претходно обезбедуваше правична застапеност на заедниците во државната администрација.

– По оваа одлука, отсуството на ново законско решение доведе до исклучување на Албанците од клучните одлучувачки позиции. ДУИ потенцира дека правичната и соодветна застапеност на сите заедници претставува темелен столб на Охридскиот договор и предуслов за еднакво и демократско општество. Апелираме до надлежните институции итно да преземат мерки за надминување на оваа нееднаквост и да обезбедат правична застапеност на Албанците на сите нивоа во јавната администрација. ДУИ останува посветена на унапредувањето на еднаквоста, правичната застапеност и целосната интеграција на Албанците во институционалниот живот на државата – велат од партијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски за ИБНА: Ова што се случува со европскиот процес е повеќе од застој, тоа е неправда
Следна Статија Путин потпиша закон со кој се казнува продажба на енергетски пијалоци на деца

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Хајрулахи: Не може вечито да постои една Пржинска влада, општеството е созреано, веќе нема потреба од неа

Позитивно тоа што лека полека се трга тој багаж од минатото, за да се изгради едно цврсто општество во кое…

January 15, 2026
ПОЛИТИКА

ВМРО ДПМНЕ: Јакимовски кандидатот на Заев и Филипче санкциониран на црната листа на САД не може да биде изборот на карпошани

Стевчо Јакимовски е лице ставено на црната листа на САД за криминал и корупција. Јакимовски е јавно обележан од нашите…

September 27, 2025
ПОЛИТИКА

Коалицијата „Вреди“ денеска се обединува во еден политички субјект

Политичката коалиција „Вреди“ денеска во Скопје ќе одржи Конгрес за обединување на петте политички субјекти во едно политичко тело. Процесот…

May 9, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски до опозицијата за предвремени избори: Нека внимаваат што зборуваат и што посакуваат — може и да им се оствари

Локалните иззборите од првиот круг, изразени низ освоените градоначалнички и советнички места, ја докажаа доминантната улога и поддршка што ја…

October 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?