Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДУИ: Гробиштата на Блаце не се место за казино
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ДУИ: Гробиштата на Блаце не се место за казино
ПОЛИТИКА

ДУИ: Гробиштата на Блаце не се место за казино

Објавено April 25, 2026 15:36
Сподели
Сподели

На гробиштата во Блаце се одвиваат градежни работи на парцела која, според официјалните податоци, фигурира како сопственост на компанијата Flamingo Casino. Доколку се потврди дека таму се гради објект за дејност поврзана со игри на среќа, тогаш станува збор за една од најнеодговорните и најнавредливи одлуки кон чувствата на граѓаните, наведува ДУИ во соопштение.

„Тоа што граѓаните го видоа овие денови на гробиштата во Блаце, со право ја вознемири јавноста. На простор кој за граѓаните претставува место на сеќавање, мир и почит кон нивните најблиски, се одвиваат градежни работи на парцела која според официјалните податоци фигурира како сопственост на компанијата Flamingo Casino.

Доколку се потврди дека таму се гради објект за дејност поврзана со игри на среќа, тогаш станува збор за една од најнеодговорните и најнавредливи одлуки кон чувствата на граѓаните.

Гробиштата не се место за казино. Гробиштата не се зона за коцкање. Гробиштата не се простор за комерцијален профит.

Тоа се места на достоинство. И секој обид во нивна близина да се постави индустрија на игри на среќа претставува тежок провокативен чин кон семејствата, кон верниците и кон секоја човечка норма.

Ова прашање ја надминува дневната политика. Ова е основно прашање за карактерот на државата: дали ги штити чувствата на граѓаните или интересите на казината?

Затоа бараме веднаш: Да се објави вистинската намена на објектот и целокупната документација. Да се запрат работите до целосно разјаснување на случајот. Да се истражи како е дозволена ваква дејност во близина на гробишта. Да се почитува волјата и чувствителноста на граѓаните од ова подрачје.

И на крај, како неопходен додаток: граѓаните имаат право да знаат зошто оваа влада го повлече и законот со кој ветуваше отстранување на игрите на среќа од близина на училиштата и чувствителните зони. Денес, кога гледаме што се случува крај гробиштата, тоа прашање е уште потешко“ – се вели во соопштението на ДУИ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вработени во Кривичен примале мито за да издејствуваат ослободителна пресуда
Следна Статија Вреди: Коцкарската мапа во државата се црташе кај Артан Груби

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: ДПМНЕ да го праша Тошковски зошто го вработи Нанев во МВР, што му должи?

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се губи со катастрофални прес конференции и се подлабоко тоне во очајните обиди да се извади од…

August 15, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче за патарините да не глуми социјалдемократ од ТЕМУ

Филипче од опозиција глуми социјалдемократ, а на власт се богати од тендери и не му текнува на народот. Замислете Филипче…

February 10, 2026
ПОЛИТИКА

СДСМ: Во изминатите две години Владата понуди само лаги, дефокус и закани

По синоќешното гостување на премиерот Христијан Мицкоски на МРТ 1, каде што тој даде отчет за сработеното на Владата што…

June 26, 2026
ПОЛИТИКА

Марковска Илиевска: 10 милиони евра за булеварот „Хасан Приштина“ се заглавени во лавиринтот на неспособната Арсовска

Градоначалничката Данела Аросовска ја ситни последната година од мандатот, а скопјани не можат да видат ниту еден реализиран проект, освен…

October 19, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?