Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДУИ: Силен шамар од Брисел, Македонија лабораторија на влијанијата од српскиот свет, Русија и Кина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ДУИ: Силен шамар од Брисел, Македонија лабораторија на влијанијата од српскиот свет, Русија и Кина
ПОЛИТИКА

ДУИ: Силен шамар од Брисел, Македонија лабораторија на влијанијата од српскиот свет, Русија и Кина

Објавено July 10, 2025 17:17
Сподели
Сподели

За ДУИ, најновиот извештај на европратеникот Томас Вајц во Европскиот парламент претставува алармантно обвинение за насоката во која се движи Северна Македонија под раководство на коалицијата ЗНАМ–ВМРО–ВЛЕН. Овој извештај, велат од партијата на Ахмети, потврдува токму она на што ДУИ со месеци предупредува: државата се претвора во експериментален терен за најдеструктивните антизападни влијанија на континентот.

„Според извештајот, Северна Македонија станала отворен терен за руската пропаганда, за нетранспарентното економско влијание на Кина и за пренесување на овие влијанија преку политички и медиумски мрежи поврзани со концептот на српскиот свет. Унгарија и Србија играат улога на посредници, зајакнувајќи го авторитарното присуство и поткопувајќи го евроатлантскиот пат на земјата. Пропагандата против Европската Унија, која се шири преку домашните медиуми, го злоупотребува идентитетското прашање за да го прикаже интегративниот процес како закана, а не како надеж.

Дополнително, извештајот отвора загриженост за постоење на стари мрежи од тајните служби, кои можат да бидат инфилтрирани и поврзани со странски интереси.

Наместо сериозен одговор, оваа Влада молчи. Наместо да го брани институционалниот суверенитет и западната ориентација на државата, таа дозволува Северна Македонија да тоне во изолација и инструментализација.“

Ова, како што оценуваат од ДУИ, е резултатот кога власта им се предава на туѓи агенди, додека се занемаруваат најважните партнери на државата – Европската Унија и НАТО.

ДУИ алармира, патот што го следи оваа влада е пат на изолација, институционално заробување и поткопување на демократскиот поредок. Како што истакнуваат, иднината на нашите граѓани не лежи во зависноста од авторитарниот Исток, туку во целосната интеграција во европското семејство, со силни институции, транспарентна економија и одржлив мир.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нова дигитална услуга на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење
Следна Статија СДСМ ги повлече преостанатите 142 амандмани за ребалансот на буџетот, бараат средства за пожарите и Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Митески: Во функција првиот калистеника парк во Македонија

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески преку социјалните мрежи сподели дека во функција е првиот калистеника парк во Македонија. Митески посочи…

October 16, 2025
ПОЛИТИКА

Лефков: ДУИ како Влада поддржа укинување на балансерот, сега само манипулира со народот

Владата на ДУИ и СДС во 2023 година донесе Стратегија за реформи на јавната администрација за период 2023-2030, со која…

October 12, 2024
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска е обичен апаратчик на минатата власт

За да е нападнат нечиј кредибилитет, судијата треба да има кредибилитет. А Добрила Кацарска го изгуби во времето кога судеше…

November 21, 2025
ПОЛИТИКА

Катерина Димитровска нова пратеничка во Собранието

Катерина Димитровска од Изборната единица 1 од листата за пратеници на Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде новата…

October 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?