Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДУИ: Тетово на Албанците нема повторно да стане Тетово на Маршал Тито
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ДУИ: Тетово на Албанците нема повторно да стане Тетово на Маршал Тито
ПОЛИТИКА

ДУИ: Тетово на Албанците нема повторно да стане Тетово на Маршал Тито

Објавено June 20, 2026 21:56
Сподели
Сподели

Баналните оправдувања и очајните обиди да се релативизира одлуката со која се враќаат имиња од југословенскиот период на улиците, плоштадите и мостовите во Тетово, зборуваат повеќе од која било јавна изјава на ВЛЕН, реагираат од опозициската ДУИ.

„Некој може да има носталгија кон Јосип Броз Тито. Некој можеби му посветувал пофални песни и бил наградуван за тоа. Тоа е прашање на лични убедувања. Но носталгијата за Тито треба да остане во личните албуми, а не на таблите со имињата на улиците во Тетово. Тетово не е сопственост на носталгичарите по Југославија. Тетово е град со свој идентитет, своја историја, свои личности и свои вредности. Имиња како Илирида, Дервиш Цара, Kongresi i Manastirit и други личности и настани од албанската историја не можат да бидат заменети со симболи на едно минато време кое Албанците одамна го надминале. Позагрижувачка од самата одлука е тишината на ВЛЕН. Тие што денес управуваат со Тетово и имаат свои претставници во Владата не можат да се кријат зад процедурални оправдувања. Граѓаните заслужуваат јасни одговори“, велат од ДУИ.

Од партијата поставија неколку прашања до градоначалникот на Тетово, Билал Касами.

„Затоа, јавно му ги поставуваме следните прашања на градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами:

Дали Општина Тетово била контактирана од Уставниот суд во врска со овој предмет?
Кој бил официјалниот став на општината во текот на постапката?
Дали имало официјална или неофицијална комуникација со Уставниот суд?
Каква била улогата на претставниците на ВЛЕН во Владата?
Каков став зазела Владата пред Уставниот суд во однос на имињата усвоени во 2007 година?

Албанците во Тетово имаат право да знаат кој молчел, кој се согласил и кој дозволил идентитетот на градот да биде ставен на удар. Не ги потценувајте граѓаните. Не ја сметајте нивната трпеливост за слабост. Тетово нема да се врати во времето на Маршал Тито, а Албанците нема тивко да прифатат укинување на своите достигнувања. И трпението има граници“, стои во соопштението на ДУИ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Приведено момче кое прегази тригодишно девојче на велосипед во Визбегово
Следна Статија (ВИДЕО) Срамота: Деца вандали превртуваат контејнери и уништуваат опрема во Аеродром

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Му преседна кафето: Рубин Земон од СДСМ си поднесе оставка по средбата со Виктор Стојанов

Членот на извршниот комитет на СДСМ, Рубин Земон, поднесе оставка од функцијата. – Сакајќи да го заштитам угледот на СДСМ…

May 22, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче од Тетово: За Мицкоски “ресет на системот“ е да постави свои судии и обвинители

Под мотото „Се бориме за нашиот дом“ предизборната кампања на СДСМ и коалицијата вчера вечер продолжи со граѓанска трибина во…

October 12, 2025
ПОЛИТИКА

(Видео) Директор во МЕПСО од СДС и ДУИ претходно бил управител во „Шанси инвест“ од Албанија, која добила 10-милионски тендер, рече Петрушевск

(Видео) Директор во МЕПСО од СДС и ДУИ претходно бил управител во „Шанси инвест“ од Албанија, која добила 10-милионски тендер,…

October 31, 2024
ПОЛИТИКА

СДСМ бара оставка од директорката на ГАК поради смрт на новороденче

Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство веднаш да поднесе оставка, побараа денеска од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) по…

December 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?