Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДУИ: Јавното обвинителство е дефинитивно заробено
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ДУИ: Јавното обвинителство е дефинитивно заробено
ПОЛИТИКА

ДУИ: Јавното обвинителство е дефинитивно заробено

Објавено June 14, 2025 11:49
Сподели
Сподели

Демократската унија за интеграција со најголема загриженост ја следи одлуката на Јавното обвинителство да покрене обвинение против поранешните министри за економија, Крешник Бектеши и Валон Сарачини, во врска со случајот „Кочани“.

Во продолжение соопштението

Оваа селективна правда и јасно политички мотивирана акција претставува уште еден доказ дека обвинителството не само што ја изгубило својата независност, туку станало инструмент за политички прогон и изборен инженеринг. Целта е јасна: директно влијание врз локалните избори и замолчување на критичките медиуми преку таргетирање на истакнати и гласни личности од албанската заедница.

Обвинителството целосно ја изгуби својата веродостојност со тоа што ги штити функционерите на владата, а истовремено соработува со неформални центри на моќ за да конструира случаи против поранешни министри и политички неистомисленици.

Јавното обвинителство, со оваа одлука, и официјално е декларирано заробено.

ДУИ ќе ги преземе сите демократски и политички чекори за да го заштити гласот на Албанците, интегритетот на изборниот процес и принципите на правдата и правната држава.

Повикуваме на итна реакција од меѓународната заедница, особено од институциите што ја следат реформата на правосудниот систем, да не молчат пред очигледната злоупотреба на институциите за политички цели.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски на настанот „Од нива до трпеза“ – промоција на традиционалната македонска храна и руралниот туризам
Следна Статија ВМРО-ДПМНЕ: Пуштен во употреба регионалниот пат од Охрид до Св. Наум со инвестиција од 11,7 милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: Нов бран економско тонење, животниот стандард уништен

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ја туркаат државата во економски хаос – инфлацијата вртоглаво расте, животот станува се поскап, стандардот на…

July 8, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Пола држава остана без струја и никој не е виновен

Распад на системот по само нецела година од владеењето на “експертскиот“ тим на ВМРО-ДПМНЕ во секторот енергетика. Додека, Министерката за…

May 18, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: БРТ и градски воз – проекти за решање на јавниот превоз и сообраќајниот хаос во Скопје

Kандидатот за градоначалник на Град Скопје, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, гостуваше во дебатната емисија „Само Вистина“ на Канал…

October 15, 2025
ПОЛИТИКА

Фетаи до Ахмети: Лицемерно е да зборувате за достоинство

Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, остро реагираше ден по изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој оцени дека…

April 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?