Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дуковски: Да се цени фактот што Васил ја призна вината и изрази најдлабоко можно каење
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Дуковски: Да се цени фактот што Васил ја призна вината и изрази најдлабоко можно каење
ХРОНИКА

Дуковски: Да се цени фактот што Васил ја призна вината и изрази најдлабоко можно каење

Објавено May 9, 2025 17:57
Сподели
Сподели

Треба да се индивидуализира и да се цени секој потег во врска со изрекувањето на казната, особено мора да се цени во духот на законот, фактот што Васил Јованов придонесе за ефикасно завршување на постапката и ја призна вината, беше кооперативен и соработуваше со судот и изрази најдлабоко можно каење, изјави бранителот на Васил, адвокатот Сашко Дуковски, по завршување на денешното рочиште за сообраќајката од јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова.

Дуковски, во изјава за медиуми пред Основниот кривичен суд Скопје, повика да се остават институциите да донесат одлука врз основа на законот, а не врз начелото „око за око“, „заб за заб“.

– Сакам да имате предвид еден многу битен факт, се работи за човек којшто има 20 години. Категорично ја призна својата вина. Ова не е ни првата, ни последна сообраќајка во Република Македонија и тоа покажува дека таква млада личност, е личност со интегритет и дека и неговото семејство е со интегритет и имаше доблест и да признае и да се сноси со сите последици што ќе дојдат после неговото признание, изјави Дуковски.

Посочи дека Васил од почетокот бил цел на оркестрирани напади и јавен линч.

– Се надевам дека конечно видовте дека сето она што беше објавувано дека Васил е убиец, наркоман, ѓавол, дека возел со 170, дека избегал, па не дошол три часа на лице место, дека сето тоа е нотарна лага. Ќе се согласите со мене, не знам дека видовте дека цело време во исказите на оштетените читаа од нивните мобилни телефони, што значи дека некој им ги подготвува тие говори, а така настапуваат од првиот ден, изјави Дуковски.

Пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова ќе биде објавена на 13-ти месецов, откако на судењето што почна денеска во Основниот кривичен суд Скопје, обвинетиот Јованов призна вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката што се случи во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски и Дачиќ потпишаа договор за „One Stop“ систем со едно застанување и брза заедничка контрола
Следна Статија Во недела сообраќаен режим во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

(ФОТО) Возило заврши на кров, а двајца на хирургија

Сообраќајна несреќа во која учествувале две возила се случи попладнево во Куманово, соопшти полицијата. Од СВР Куманово најавија детали за…

July 1, 2025
ХРОНИКА

(ФОТО) Спречен шверц на оружје од Турција во Македонија

Со брза размена на информации преку SELEC Центарот со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската агенција…

December 25, 2025
ХРОНИКА

Му се заканиле дека ако не им даде 40.000 евра ќе го убијат, уапсени двајца Турци за изнуда ФОТО

На 29.09.2025 во 18:40 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал и Единицата…

September 30, 2025
ХРОНИКА

Судот го одложи судењето, Штекли добил епилептичен напад

Судењето за случајот „Штекли“, во кој повеќе лица се обвинети за организирана продажба на дрога, е одложено за 9 октомври.…

October 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?