Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дуковски: 12 години затвор за прегазувањето на Фросина е премногу
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Дуковски: 12 години затвор за прегазувањето на Фросина е премногу
ХРОНИКА

Дуковски: 12 години затвор за прегазувањето на Фросина е премногу

Објавено October 6, 2025 19:58
Сподели
Сподели

Во овој случај сметам дека се сака да се оди на лов на вештерки и ако 12 години казна е изречена некогаш во историјата на правото на Македонија. Пресудата од 12 години тврдам е донесена под огромен притисок од јавноста, тука важеше начелото „око за око, заб за заб“, изјави бранителот на Васил Јованов, адвокатот Сашко Дуковски, во изјава за медиумите по денешната јавна седница пред Апелација, по жалбите на пресудата на Основниот кривичен суд Скопје од 13 мај годинава со која Јованов беше осуден на казна затвор  од 12 години за прегазувањето на Фросина Кулакова во јануари на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Според Дуковски, судот испитува дали признанието на вина е доброволно дадено и дали каењето е вистинско, посочувајќи дека тоа е направено повеќе пати и дека тоа го потврди и вештачењето.

-Не може четири пати да се каете. На судењето пред првостепениот суд ние изведовме како доказ видео веднаш после настанот каде што се гледа искрено, категорично и недвосмислено каење со зборовите „леле што сторив, греота за девојчето“. Тоа не е искрено? На самото рочиште го кажа тоа, кај судијата на претходна постапка, во вештачењето. Не можете вие да го измамите вештото лице, кое што е вештак Маркециќ, ангажиран од страна на Обвинителството долги години, кој што тврди дека каењето е сериозно, лично и недвосмислено, изјави Дуковски.

Според Дуковски, многу потешка сообраќајка со два повеќе престапи, како бегање од лице место и со повреда на уште едно лице, а се друго исто, завршиле со осум години затворска казна.

-Тоа е целта на признанието на вина. Да се избегнат скапи и долги судења, да му се каже на обвинетиот дека не се исплати да се занимава со криминал, но и тој да добие некој бенефит. Каков бенефит вие имате со 12 години. Пресудата од 12 години тврдам е донесена под огромен притисок од јавноста, тука важеше начелото „око за око, заб за заб“ и јавноста му пресуди на Васил Јованов. Јас не барам да му се даде орден за тоа што го направил, но да се даде разумна казна во рамките на судската пракса досега за вакви кривични дела. Инаку, сообраќајки имало и ќе има, изјави Дуковски.

Пред Апелациониот суд Скопје денеска се одржа јавна седница по жалбите на пресудата на Основниот кривичен суд Скопје од 13 мај годинава со која Васил Јованов беше прогласен осуден на казна затвор  од 12 години, врз основа на признание на вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за прегазувањето на Фросина Кулакова во јануари на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Фросина Кулакова од Неготино на 29 јануари годинава беше прегазена додека поминувала пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во близина на Универзалната сала во Скопје. Дваесет и двегодишната девојка беше прегазена од дваесетгодишниот Васил Јованов од Скопје, кој, според обвинителството, возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Филипче, Ахмети и Апасиев се осојузиле поради слепата желба за власт и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ
Следна Статија Сиљановска-Давкова: Цинизам и хипокризија е да барате од некого да биде отпорен на трети влијанија, оставајќи го пред портите на Европската Униј

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Повторена пресуда за „Меѓународен сојуз“: Боки-13 осуден на пет години затвор

Основниот кривичен суд во Скопје донесе нова пресуда во повторената постапка за случајот „Меѓународен сојуз“, со која беа изречени намалени…

October 13, 2025
ХРОНИКА

Кривична пријава за царински службеник и лице кое прикривало стока вреднa 5000 евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.А.(33) од Општина Босилово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање…

December 26, 2024
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Спасени двете лица од Мавровско езеро

Двете лица кои беа заглавени во Мавровското Езеро се успешно извлечени, информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Во акцијата учествуваше…

March 15, 2025
ХРОНИКА

Раде Штекли објави најнова фотографија

Раде Трајковски-Штекли објави нова фотографија на социјалната мрежа „Инстаграм“. Ова доаѓа откако утрово беше фрлена бомба во дворот на неговата…

November 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?