Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дури 11.668 евра за метар квадратен: Во Белград на вода е платен најскапиот стан во Србија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Дури 11.668 евра за метар квадратен: Во Белград на вода е платен најскапиот стан во Србија
БАЛКАН

Дури 11.668 евра за метар квадратен: Во Белград на вода е платен најскапиот стан во Србија

Објавено May 17, 2025 16:52
Сподели
Сподели

Највисоки цени на становите во Србија во четвртиот квартал лани се регистрирани во Белград, каде што најскапиот продаден стан имал цена од 11.668 евра за м/квадратен на локацијата Белград на вода. Највисока сума е платена за стан со вкупна површина од 342 квадратни метри – 2,6 милиони евра на истата локација, соопшти Републичкиот геодетски завод.

Најскапата куќа е продадена во белградската општина Савски венац за 3,4 милиони евра, а најскапиот гаражен простор е платен за 64.000 евра на територијата на Белград на вода.

Вкупниот промет на пазарот на недвижности во Србија во четвртиот квартал од 2024 година изнесувал 2,2 милијарди евра, што е изедначување на рекордот од 2022 година.

Потпишани се 34.834 договори за продажба, со што е достигнато највисокото квартално ниво во изминатите две години.

Најголемо учество во вкупниот промет на недвижности има продажбата на станови (1,3 милијарди евра), со учество од 57 проценти.

За куќи се дадени 167,9 милиони евра (осум проценти од вкупната вредност), 163 милиони евра (седум проценти) за градежно земјиште, 108 милиони евра (пет проценти) за деловен простор и 73,4 милиони евра (три проценти) за земјоделско земјиште.

Купувањето на 11 проценти од недвижнините е финансирано со кредити, што е зголемување од четири процентни поени во споредба со истиот период од претходната година.

Во четвртиот квартал од 2024 година, бројот на договори за продажба се зголеми во споредба со истиот период минатата година во Ниш (43,6 проценти), Нови Сад (24,9 проценти), Крагуевац (20,1 процент) и Белград (15,5 проценти).

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Родителите со порака до пратениците: Голема НЕ(благодарност) за поддршката
Следна Статија (Видео) Дефанзивец на Барселона падна од автобусот за време на прославата на титулата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Со молотови коктели ескалираа протестите во Тирана

Корупцијата ги извади Албанците во Тирана на протести, но дали молотовите коктели се решение, се прашува јавноста во Албанија откако…

January 25, 2026
БАЛКАН

Монтгомери: Бомбардирањето на Србија беше грешка

Поранешниот амбасадор на САД во Белград, Вилијам Монтгомери, предупредува дека Балканот „станува потенцијално насилен и нестабилен“, со жаришта што може…

October 11, 2025
БАЛКАН

Студентите се повлекоа од протестот, на сцена стапија тепачите (ВИДЕО)

Студентите се откажаа од протестот во Белград. Тие велат дека овој протестот веќе не е студентски и на обезбедувањето им…

March 15, 2025
БАЛКАН

Масовен протест вечерва во Нови Сад под слоганот „Србија, се слушаме ли?“

Студентите од Нови Сад ги поканија своите колеги и граѓани од цела Србија на протест. На повикот се придружија и…

September 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?