Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дурмиши: Утре ќе биде потпишана платата за вработените во Инспекторатот за труд
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Дурмиши: Утре ќе биде потпишана платата за вработените во Инспекторатот за труд
МАКЕДОНИЈА

Дурмиши: Утре ќе биде потпишана платата за вработените во Инспекторатот за труд

Објавено April 24, 2025 18:03
Сподели
Сподели

Утре ќе биде потпишана платата за вработените во Инспекторатот за труд и нема да има никакви пречки за исплата во наредните месеци рече денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши од собраниската говорница.

Како што рече Дурмиши во одговор на прашање што го постави пратеничката од СДСМ Јованка Тренчевска, стариот систем за пресметка на платите и големиот број вработени чии податоци требале да се сменат, се причината зошто вкупно 550-те вработени во двата инспектората, пазарниот и оној за труд, останале без мартовската плата за време на велигденските празници.

На прашањето, пак, што претходно го постави Борче Цветков од СДСМ, министерот најави дека ќе биде направена потрошувачка кошничка прифатлива за сите граѓани која пред да стапи во сила, ќе биде претставена пред синдикалците и јавноста.

-Во Трудовиот и Пазарниот инспекторат има вкупно 550 вработени. За сите нив администрацијата работеше дење и ноќе за да се направат преземања во Министерството за економија. За жал, Инспекторатот за труд го најдовме со стар систем за пресметка на платата, требаше за 192 лица да се сменат податоците и пресметката на плата да биде ставена во новиот систем на Министертсвото за економија. Ви гарантирам дека утре ќе биде потпишана платата за тие вработени и нема да има пречки за исплата во следните месеци, одговори Дурмиши на прашањето од Тренчевска.

Според министерот, замрзнувањето на маржите и другите мерки, дадоа ефект, а тоа го потврдуваат, нагласи, и бројките. За минималната плата, дополни Дурмиши, има Закон и Владата била должна врз основа на него да ја објави. Во однос на тоа што е направено во изминатите месеци, тој посочи дека, меѓудругото, има зголемување на платите во секторите здравство, образование, МВР.

-Во однос на кошничката, ќе направиме отворена пресметка, прифатлива за сите граѓани која најпрво ќе биде претставена пред синдикалците, медиумите и јавноста, а потоа ќе стапи во сила. Има Работна група која последните два месеца постојано работи и во неа се вклучени претставници од сите релевантни институции: министерствата за економија, земјоделство и финансии, Државниот пазарен инспекторат, Царинската управа, Државниот завод за статистика,… За минималната плата има Закон што е на сила и Владата беше должна врз основа на него да ја објави, а врз основа на минималната плата ќе бидат пресметани и другите плати. Освен мерките за цените, и мерките во секторот труд имаат ефект, ова го велам врз основа на аргументи, подготвен сум да седнеме и да разговараме со факти за тоа што сме постигнале изминатите 10 месеци, подвлече Дурмиши.

Цветков, поставувајќи го прашањето, истакна дека, според фактичките показатели, за да преживее едно семејство се потребни три минимални плати.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Маж ја нападнал другарката на својата ќерка
Следна Статија Тошковски за трагедијата во Кочани: Досега осомничени 68 физички и три правни лица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Воведување на вештачка интелигенција во сите предмети ќе зависи од наставниците и нивната употреба на алатки

Започнуваат едукациите за професорите, кои од вториот семестар во секој наставен предмет ќе ја имплементираат и ќе ги обучуваат учениците…

September 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Потешкотии во мобилната телефонија на А1

Дел од корисниците на мобилниот оператор А1 денеска имаат потешкотии во мобилната телефонија. Од компанијата велат дека работат на отстранување…

May 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

​Ѓорѓиевски: Повикот на владата е транспарентен, нема да има заборавени општини

Јавниот повик на Владата за распределба на средствата нуди транспарентност и она што досега во минатото никогаш го немало, а…

October 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

80 години од кодификацијата на македонскиот литературен јазик

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје денеска организира чествување  по повод Денот на македонскиот јазик и 80-годишнината од…

May 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?