Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Д-р Даниловски: Колку ли глувци и стаорци се накотени досега кога ѓубрето се натрупува со месеци?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Д-р Даниловски: Колку ли глувци и стаорци се накотени досега кога ѓубрето се натрупува со месеци?
ЗДРАВЈЕ

Д-р Даниловски: Колку ли глувци и стаорци се накотени досега кога ѓубрето се натрупува со месеци?

Објавено October 23, 2025 10:12
Сподели
Сподели

Епидемиологот Драган Даниловски реагира дека купиштата ѓубре во Скопје создале идеални услови за размножување на глувци и стаорци – познати преносители на сериозни заразни болести, лептоспироза, хантавирус, па дури и бубонска чума.

– Тие болести се пренесуваат преку урината, изметот, плунката и болвите на глодарите.

Познато е дека стаорците се размножуваат според експоненцијална прогресија: во период од само 18 месеци еден пар може да даде повеќе од еден милион потомци.

Тоа е биолошки факт. Експоненцијалниот модел претпоставува неограничени ресурси како храна, вода и простор. Таа претпоставка во Скопје е исполнета!

Прашањето што се поставува е:

Колку ли се накотени досега, кога условите се оптимални, а сметот се натрупува со месеци (и години)?

Епидемиолошките ризици во вакви услови се реални и растат експоненцијално, пишува универзитетскиот професор.

Денес имаме научна медицина, јавноздравствени системи и антибиотици, но би било неодговорно да дозволиме да се создава биолошки резервоар на зараза во срцето на главниот град.

Каснувањето на дете од глушец во училишен двор е црвена линија што не смееше да се премине!

Преминат е Рубиконот. Нема назад.

Во медицината постои еден етички принцип – Primum non nocere („пред сè, не прави штета“).

Тој принцип мора да важи и надвор од медицината: за сите професии и институции што имаат допир со граѓаните.

Причините – организациски, политички или финансиски – стануваат ирелевантни кога се доведува во прашање здравјето и безбедноста на децата и граѓаните.

Потребна е најитна, координирана интервенција на сите надлежни институции – по потреба и со прогласување вонредна состојба на делови од територијата на градот. Првенствено заради дезинфекција, дезинсекција, дератизација и отстранување на ризикот по јавното здравје.

Откако опасноста ќе се неутрализира, мора да следи и јасна институционална одговорност”, аргументира Даниловски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во недела стрелките на часовникот ќе се вратат за еден час – Македонија преминува на зимско сметање на времето
Следна Статија Саркози во затвор добивал смртни закани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Од 2016 година во Македонија не функционира Центарот за изгореници

Од 2016 година во државава не функционира Центарот за изгореници. Иако тој се уште фигурира на официјалната веб страница на…

March 19, 2025
ЗДРАВЈЕ

Тврдењата на д-р Кедев за операциите во приватните болници ќе ги „чешлаат“ експерти од Словенија, Италија и од Германија

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави дека до понеделник ќе биде комплетирана листата со странски експерти кои ќе ја анализираат…

August 24, 2025
ЗДРАВЈЕ

Епидемија во Гостивар, водата загадена: Над 1 000 пациенти побарале медицинска помош со слични симптоми

Повеќе од 1 000 пациенти во изминативе 3-4 дена побарале медицинска помош во болницата во Гостивар. Оттаму велат дека поголемиот…

July 17, 2026
ЗДРАВЈЕ

Паметни часовници: Дали сум зависен од мојот дигитален придружник?

Дали навистина прават она што ветуваат или едноставно нè прават повеќе напнати?

December 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?