Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: д-р Николов: Нашите стручни тимови заедно со израелските ќе изготват протололи со цел да обезбедиме најдобри услови за пациентите кои ќе се вратат од странство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > д-р Николов: Нашите стручни тимови заедно со израелските ќе изготват протололи со цел да обезбедиме најдобри услови за пациентите кои ќе се вратат од странство
МАКЕДОНИЈА

д-р Николов: Нашите стручни тимови заедно со израелските ќе изготват протололи со цел да обезбедиме најдобри услови за пациентите кои ќе се вратат од странство

Објавено March 22, 2025 14:24
Сподели
Сподели

Д-р Игор Николов, член на кризен штаб во здравството , во Дневникот на МРТВ информираше дека во континуитет заседава и има редовни средби кризниот штаб заедно со стручните лица кои водат грижа за пациентите.

Од информациите што ги имаме утрово, во Штип имаше само еден пациент кој е испишан. Така што, пациентите се во трите големи медицински центри во Скопје и тука редовно се прави проценка дали станува збор за влошување или нема влошување. Проценката на тимовите и на стручните тимови, односно стручите колегиуми беше дека имаме потреба од трансфер на одредени пациенти кои беа префрлени во текот на изминатиот ден, имавме трансфер во Шпанија и трансфер во Турција. Во конкретната ситуација, се бориме со две големи работи. Едната работа е изгорениците кои се настанати во текот на пожарот и втората е инхалацијата на интоксициран воздух, посочи проф. д-р Игор Николов.

Тој ја потенцираше исклучителната соработка и непроценливата поддршка на докторите од странство.

Репатријацијата на пациентите се дискутираше на денениот состанок на кризен штаб, а проценките треба да се прават врз основа на краткорочен и долгорочен план за третман и треба да се процени во кои точно институции ќе бидат хоспитализирани кога ќе се вратат овие пациенти. Тука морам да кажам дека Министерството за надворешни работи ќе има круцијална улога во репартријацијата на пациентите со оглед дека тоа не е едноставен процес.
Секој пациент кој ќе биде вратен од странство, ќе има тим на стручни лица кои најпрво ќе го прегледаат, по што ќе се одлучи дали ќе има потреба од дополнителна хоспитализација.
Огромна благодарност до земјите кои се вклучија веднаш да ни помогнат, особено тимот од израелски медицински персонал кој дојде и работеше заедно со нашите пациенти, тие имаат огромно искуство во вакви катастрофи, потоа тим од Чешка, српски тим и тим од Белгија кои работеа заедно со нашите медицински лица.
Израелците се подготвени да останат и да бидат со нас, да ги споделат протоколите што тие ги имаат и да ги прилагодат на наши услов, врз основа на тие протоколи да овозможиме најдобри услови за пациентите.
Ова е долготрајна битка, заклучи проф. д-р Николов.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Приведени двајца менаџери на угостителски објекти, пуштале музика во денови на жалост
Следна Статија 343 лица се приведени на протестите во Турција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Притвор за Крешник Бектеши

Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши ќе заврши во притвор за следните 48 часа, исто како и поранешниот директор на…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кардиологот и алпинист Сашко Кедев одликуван со Орден „8 Септември“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го одликува кардиологот и алпинист Сашко Кедев со Орден „8 Септември“, за особените заслуги во медицината, не…

November 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Објавен е список на најмоќните пасоши на светот- Македонија е на 38. место

Објавено е најновото рангирање на најмоќните пасоши во светот за 2025 година, а резултатите покажуваат континуирана доминација на европските земји.…

July 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Прилеп се одржа Божикен ручек за 500 деца

Околу 500 деца од речиси цела Македонија денеска во Прилеп седнаа на заедничкиот, традиционален, Божикен ручек. Насмевки, радост од заедништвото…

January 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?