Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Д-р Николов: На пациент повреден во пожарот во Кочани му е направена трансплантација на лице
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Д-р Николов: На пациент повреден во пожарот во Кочани му е направена трансплантација на лице
ЗДРАВЈЕ

Д-р Николов: На пациент повреден во пожарот во Кочани му е направена трансплантација на лице

Објавено March 27, 2025 14:18
Сподели
Сподели

На пациент повреден во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се лекува во еден во центрите во странство му е извршена трансплантација на лице, вели во интервју за порталот Република д-р Игор Николов.

Тој објаснува дека веднаш по трагедијата во Кочани се понудиле за помош повеќе земји кои имаат искуство со вакви несреќи.

– Меѓу првите пристигна тим од Израел, којшто ја понуди и ја даде својата експертиза. Во исто време имавме и тим од воено-медицински стручњаци од Чешка. Тие заедно работеа со нашите медицински лица кои ги третираа пациентите. Од нив добиваа совети и искуства за начинот на третман и тоа во овој почетен период, по акутното настанување на повредите. Со нив правевме план за натамошниот третман, за понатамошното следење на пациентите. Станува збор за долготрајна битка која нема да заврши за брзо време. Ова се пациенти на кои ќе им биде потребна рехабилитација од повеќе аспекти и тоа рехабилитација на телесните повреди, потоа од стресот што го доживеале. Имаме пациенти кои се третираат во центри во странство каде што им е направена трансплантација на кожа, последни податоци се дека има пациент на кој му е направена трансплатација на лице, значи целиот овој план за третман ќе биде долгорочен. Тој опфаќа медицинска, физикална рехабилитација, бидејќи на пациентите им е потребно враќање на мобилноста на телото, потоа рехабилитација, односно третман на изгорениците, но и психолошка рехабилитација која ќе им биде неопходна, како на повредените, така и на нивните семејства. Планираме и подготвуваме тимови од физикална медицина, тимови од психологија-психијатрија кои треба да работат со пациентите, тимови од пластична хирургија. Пристапот е мултидисциплинарен. Се бориме за животот на секој повреден – вели д-р Николов.

На 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани во пожар загинаа 59 лица, меѓу кои и 6 деца, речиси 200 беа повредени, од кои 25 деца.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Три лица добија куќен притвор, 19 жалби одбиени во врска со трагедијата во Кочани
Следна Статија (Видео) Надојдените реки носат луѓе во БиХ: политичар скокна во водата за да спаси човек

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Вкупно 47 повредени ќе бидат хоспитализирани надвор од државата, на помош пристигнуваат специјалисти за изгореници

Вкупно 47 повредени лица во пожарот во Кочани ќе бидат хоспитализирани надвор од државата, соопшти вечерва министерот за здравство Арбен…

March 16, 2025
ЗДРАВЈЕ

Се подобрува здравствената состојба на Владимир Блажев-Панчо

Се подобрува здравствената состојба на Владимир Блажев-Панчо, член на бендот ДНК, кој имаше тешки повреди и беше хоспитализиран во болницата…

May 1, 2025
ЗДРАВЈЕ

Дијабетичарите останаа без инсулин – Таравари вели „набавката е во тек“

Две недели низ инсулинските аптеки во земјава има недостиг на одреден вид на инсулини и антидијабетна терапија. Пациентите се вознемирени…

April 3, 2025
ЗДРАВЈЕ

Во септември тројца мажи заболеле од ХИВ, а двајца од СИДА

Минатиот месец пријавени се три случаи потврдени на ХИВ и два на СИДА, сите од машки пол, кои припаѓаат на…

October 15, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?