Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Д-р Станков: Двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Д-р Станков: Двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
ХРОНИКА

Д-р Станков: Двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт

Објавено February 25, 2026 21:59
Сподели
Сподели

Завршена е обдукцијата и на втората жена за која обвинителството минатата недела нареди ексхумација и обдукција, по убиството во Старо Нагоричане. Директорот на Судска медицина проф. д – р  Александар Станков за МИА изјави дека станува збор за насилна смрт и кај втората помлада жена, но дека се подготвува писмениот извештај кој најверојатно до понеделник ќе биде доставен до Обвинителството.

– Станува збор за насилна смрт и кај втората помлада жена за која обвинителството побара ексхумација, изјави Станков. Тој повтори дека примероци за ДНК анализа се земени и од претходната жртва, повозрасната жена од село Челопек. Кај двете жени станува збор за насилна смрт.

Од ЈОРСМ велат дека во моментот тече истрагата за осомничениот за убиство од општина Старо Нагоричане и посочуваат дека вештиот наод од обдукцијата не е доставен до Обвинителството. Минатата недела (20 февруари) обвинителството соопшти дека е наредена ексхумација и обдукција, од телото на починатата жена, поради како што наведе тогаш „заради сличности во однос на изборот на жртвата и суровиот начин на извршување на делото се испитува дали и во тие случаи станува збор за убиства извршени од истиот сторител“.

– Завршена е обдукцијата, се подготвува писмениот извештај и извештајот од ДНК анализите, така што очекувам во најбрз можен рок, најдоцна до понеделник, Обвинителството да го има наодот од обдукцијата и од ДНК анализите. Она што единствено можам да кажам, бидејќи се работи за истрага е дека се работи за насилна смрт и кај втората помлада жена, изјави Станков.

Тој повтори дека примероци за ДНК анализа се земени и од претходната жртва, повозрасната жена од село Челопек, каде исто така има насилна смрт и од осомничениот и дека се работи на сите анализи.

Основното јавно обвинителство Куманово, соопшти дека сите надлежни институции и органи преземаат огромен број дејства за обезбедување докази за целосно расчистување на овие настани. Осомничениот е обезбеден и во следните денови ќе следува негова психијатриска процена од тим на експерти.

– Во текот на оваа сложена постапка се вршат распити на лица, а ќе бидат обезбедени и сите други потребни докази за целосно расчистување на случаите, но во оваа фаза од постапката во интерес на истрагата не може да се споделуваат повеќе детали – соопштија од ЈОРСМ.

Кумановската полиција информира дека на 12 февруари, годинава и осомничениот влегол во домот на 78-годишната жена во село Драгоманце, општина Старо Нагоричане, физички ја нападнал и со перница ја задушил. Полициските службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишија од слобода Т. Б. (25) од село Малотино, општина Старо Нагоричане, поради сомнение дека сторил кривично дело по член 123 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека на 12 февруари во нејзиниот дом физички ја нападнал и задушил со перница М. С. (78) од село Челопек, општина Старо Нагоричане, по што таа починала на местото, соопшти тогаш полицијата.

Против дваесет и петгодишниот Т. Б., како што информираат од СВР Куманово, поднесена е кривична пријава поради постоење основано сомнение дека е извршител на две „тешки кражби“ по член 236 од деловен објект и приватен имот и „кражба“ по член 235 од товарно моторно возило.

-Откако бил пријавен настан на 09.02.2026 година за физички напад врз Р.Т. (86) во село Челопек, Т.Б. (25) бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. Поради тоа што истрагата сè уште е во тек за подетални информации ќе бидете дополнителни известени, информираат од СВР Куманово.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Снимка од генијот Стивен Хокинг од Девствените острови се најде во документите на Епштајн
Следна Статија Ивица Дачиќ се бори за живот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

УЖАС: Охриѓанец (50) повеќе пати силувал малолетничка помала од 15 години, девојчето во март се породило

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Т.(50) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување дете…

April 30, 2025
ХРОНИКА

МВР во акција низ повеќе градови, се апсат членови на криминални групи

Во последните два часа, Министерството за внатрешни работи започна координирана акција насочена кон пресметка со насилни криминални групи, која се…

December 15, 2024
ХРОНИКА

Лажна пријава за бомба во „Кромберт и Шуберт“ во ТИРЗ-Скопје

Утринава дојава за бомба во фабриката „Кромберт и Шуберт“ во скопската Технолошко развојна зона ги вознемири вработените. Сите го напуштија…

October 29, 2024
ХРОНИКА

Тело на жена пријавена за исчезната пронајдено закопано во гостиварско

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар во текот на ноќта изврши увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде…

December 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?