Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Д-р Ѓуроска: Голем ризик за децата од хроничната изложеност на чад од депонии
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Д-р Ѓуроска: Голем ризик за децата од хроничната изложеност на чад од депонии
ЗДРАВЈЕ

Д-р Ѓуроска: Голем ризик за децата од хроничната изложеност на чад од депонии

Објавено September 11, 2025 09:20
Сподели
Сподели

Докторката Биљана Ѓуроска, која професионално работи како хомеопат, сподели кратка инфомативна објава за последиците од хронична изложеност на чад од депонии со оглед дека главниот град Скопје, изминатиот период се соочува со аерозагадување предизвикано од пожари на депонии.

– Пред сѐ нема безбедно ниво на изложеност на PM2.5 честичките, секое ниво и време на изложеност претставува ризик, а децата се особено ранлива група, вели на почетокот на објавата докторката.

Ова се податоците кои ги сподели таа:

– Физиолошки фактори: Белите дробови и имунолошкиот систем сè уште се развиваат. Дишењето е побрзо од возрасните → поголем внес на загадувачи по телесна тежина.

– Долготрајна изложеност на PM2.5 и токсични гасови (метан, јаглерод моноксид, диоксини, полициклични ароматични јаглеводороди):

– Зголемен ризик од астма, хроничен бронхитис и инфекции на дишните патишта.

– Воспалителни процеси што можат да доведат до намален белодробен капацитет уште во детството.

– Невролошко влијание: Отровните соединенија (олово, тешки метали и органски токсини) можат да поминат преку крвно-мозочната бариера, предизвикувајќи нарушувања во когнитивниот развој, внимание и учење.

– Имунолошки ефекти: Хроничното воспаление и оксидативниот стрес водат до зголемена подложност на алергии и автоимуни состојби.

– Кардиоваскуларни ризици: Иако ретки во младоста, раната изложеност создава предуслов за атеросклероза и срцеви заболувања во зрелоста.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија НАСА откри можни докази за древен живот на Марс
Следна Статија Ќе важат и за македонските државјани: Новите правила за влез во ЕУ почнуваат од 12-ти октомври

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Тестирав 10 фитнес часовници: Откритие за најточниот бренд

Детален тест на Amazfit, Apple, Coros, Google, Garmin, OnePlus, Polar, Samsung, Suunto и Withings часовници за прецизност на чекори

December 23, 2025
ЗДРАВЈЕ

Владата со бесплатни инвитро процедури и даночни олеснувања во борба против падот на наталитетот

Пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека Македонија повеќе од една деценија се соочува со сериозна фертилитетна рецесија и…

July 7, 2025

Здравствена агенција го упатува провајдерот на лажни GLP-1 лекови Hims & Hers до Министерство за правда

Регулаторните власти преземаат мерки против неодобрени маркетинзи на препарати за намалување на тежината

February 8, 2026
ЗДРАВЈЕ

Нутриционисти ги откриваат петте најздрави јаткасти плодови

Јаткастите плодови се неизоставен дел од здравата исхрана. Имајќи го предвид нивниот фантастичен вкус, воошто не нè чуди фактот што…

November 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?