Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Еве кои се пријавените кандидати за претседател на ДКСК, вкупно се 13
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Еве кои се пријавените кандидати за претседател на ДКСК, вкупно се 13
МАКЕДОНИЈА

Еве кои се пријавените кандидати за претседател на ДКСК, вкупно се 13

Објавено August 18, 2025 18:14
Сподели
Сподели

Тринаесет кандидати се пријавиле на огласот за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), информираат од собраниската прес-служба.

На листата, до која дојде „360 степени“, може да се видат дипломирани правници (и со положен правосуден испит), економисти, криминалисти, пет магистри и еден доктор на науки.

Во продолжение ја објавуваме листата со пријавени кандидати:

Бранко Смилевски од Скопје, дипломиран економист, магистер на науки за антикорупција;
М-р Благица Трошанска од Скопје, дипломиран правник и магистер на политички науки;
Феузи Џафери од село Чајле-Гостивар, дипломиран правник со положен правосуден испит и магистер по дипломатија;
Проф. д-р Кимо Чавдар од Скопје, дипломиран правник со положен правосуден испит и доктор на политички науки;
Владимир Наумоски од Скопје, дипломиран правник со положен правосуден испит, магистер по деловно право;
Весна Доревска од Скопје, дипломиран правник;
Ненад Трифуновски од Тетово, дипломиран правник со положен правосуден испит
Бранко В`чков од Скопје, дипломиран криминалист;
Валентина Тодоровска од Скопје, дипломиран правник со положен правосуден испит;
Антонио Санев од Скопје, дипломиран правник, магистер по меѓународно право;
Зоран Наумов од Кавадарци, дипломиран економист;
Костадин Кус Иванов од Скопје, дипломиран економист;
Адем Чучуљ од Скопје, дипломиран правник.
Собранието на 1 август годинава донесе одлука за објавување јавен оглас за избор на претседател. Постапката со јавниот оглас ќе продолжи по 3 ноември, односно по завршување на локалните избори.

„Со оглед на тоа што постапката е прекината, прекината е и административната селекција. Имињата ќе бидат познати откако ќе заврши процесот на административна селекција на пријавените кандидати. Засега може да го потврдиме само вкупниот број на пријавите“,велат од Собранието.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Затворен магистралниот пат Ресен – Битола, сообраќајот се одвива во големи гужви по стариот пат
Следна Статија Охрид SOS алармира: И депонии за опасен отпад ќе се прават само со потпис на градоначалник и министер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ќе се казнува преминување пешачки со мобилен и возење велосипед со слушалки: Глоба до 50 евра за непочитување на законот

Владата до Собранието поднесе измени во Законот за безбедност на сообраќајот, со кои се воведуваат ригорозни казни за пешаците, велосипедистите…

August 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова очекува и прашањето за спорот со Софија да биде отворено во разговорите со Фон дер Лајен

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова очекува меѓудругото и прашањето за спорот со Бугарија да биде споменато за време на посетата на…

October 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Груби не е во Косово, туку во Албанија, вели Меџити

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити во интервју за албанската ТВ „Ора њуз“, кажа дека според неговите…

December 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Гордан Георгиев: Јас денар не би му дал на Град Скопје и на оваа градоначалничка

Универзитетскиот професор и поранешен потпретседател на СДСМ, Гордан Георгиев, во гостување на ТВ21 ја коментираше темата околу распределбата на парите…

October 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?