Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Евзони“ и „Ники“ и денеска затворени на неколку часа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > „Евзони“ и „Ники“ и денеска затворени на неколку часа
БАЛКАН

„Евзони“ и „Ники“ и денеска затворени на неколку часа

Објавено December 11, 2025 10:52
Сподели
Сподели

Како и во изминатите денови, така и денеска, грчките земјоделци, кои нивните трактори ги имаат паркирано на неколку гранични премини, меѓу кои и Евзони (Богородица) и Ники (Меџитлија) кон нашата земја, ќе ги затворат границите за сообраќај на неколку часа, јави дописничката на МИА од Атина.

Се очекува блокадата на Евзони и денеска да биде во периодот од 12 до 16 и од 18 до 22 часот по локално време, со што целосно ќе биде во прекин сообраќајот со исклучок на камионите со грчки производи.

На Ники, според грчката новинска агенција АНА-МПА, границата ќе биде четири часа затворена од 11 часот по локални време.

Земјоделски блокови се поставени и на граничните премини кон Бугарија и Турција, но неколку часовните блокади се однесуваат само на камиони.

Во цела Грција, од најсеверната до најјужната точка, земјоделците засега имаат поставено над 60 блокови, што од 30 ноември почнаа постепено да се зголемуваат.

Главниот блок е во централна Грција, кај Никеа, во близина на Лариса на автопатот Солун – Атина, каде што сообраќајот се одвива по споредни патишта, а Комитетот надлежен за земјоделските блокадите во целата земја, за сабота закажа нов состанок на кој ќе се донесе одлука за следните чекори.

За утре, земјоделците од северна Грција закажаа протест и симболично затворање на пристаништето во Солун.

Протестите на земјоделците започнаа на 30 ноември, поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, поради скандалот со европските земјоделски субвенции, а главното барање е исплатата на заостанатите субвенции.

Блокади се поставени на низа автопати и локални патишта низ цела Грција, со што отежнат е сообраќајот и се одвива по споредни улици.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Microsoftово Месечно Ажурирање на Безбедноста, Декемвриско Издание за 2025 година
Следна Статија ФДА ќе истражува дали смртните случаи кај возрасни се поврзани со вакцината против корона

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Земјотрес од 4,7 степени кај Анталија

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција денес, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на…

April 13, 2026
БАЛКАН

(ВИДЕО) Огромен пожар беснее во познато грчко летувалиште

Пожар попладнево избувна во шумската област Агиос Никитас на Лефкада, јавија грчките медиуми. Пожарот избувнал во близина на плажата Катисма,…

March 23, 2025
БАЛКАН

(Видео) Се споделува снимка од Ана Брнабиќ каде што зборува на англиски јазик: „Чита англиски напишан на кирилица“

На социјалните мрежи се прошири снимка од претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, како држи говор на англиски јазик.…

May 15, 2025
БАЛКАН

Во овој хрватски град од денеска бесплатен јавен превоз за сите граѓани

На првиот ден од Новата година на подрачјето на Самобор воведен е бесплатен јавен превоз за сите граѓани и посетители…

January 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?