Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Еврокомисијата презентира план за енергетска независност на ЕУ од Русија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Еврокомисијата презентира план за енергетска независност на ЕУ од Русија
СВЕТ

Еврокомисијата презентира план за енергетска независност на ЕУ од Русија

Објавено May 6, 2025 19:07
Сподели
Сподели

Европската комисија денеска презентираше план во рамки на иницијативата „РЕПауерЕУ“, кој треба да го трасира патот за обезбедување целосна енергетска независност на Европската Унија од Русија во следните години – јави дописникот на МИА од Брисел.

Со планот се предвидува ЕУ да ја прекине својата зависност од руските енергенси со запирање на увозот на гас и нафта од Русија и постепено намалување на користењето на руски нуклеарни горива, а во исто време и да се обезбедат стабилни резерви и цени на енергија низ целата Унија.

По повод презентацијата на планот, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен порача дека е време Европа целосно да ги прекине своите енергетски врски со несигурен снабдувач.

– Војната во Украина брутално ги разоткри ризиците од уцена, економска принуда и ценовни шокови. Со „РЕПауерЕУ“ го диверзифициравме нашето снабдување со енергија и драстично ја намаливме поранешната зависност на Европа од руските фосилни горив – истакна Фон дер Лајен.

Според неа, неприфатливо е со енергијата што се дистрибуира во ЕУ да се плаќа агресијата на Русија врз Украина.

– Ова им го должиме на нашите граѓани, на нашите компании и на нашите храбри украински пријатели – потенцира Фон дер Лајен.

Според Комисијата, и покрај намалувањето на зависноста на ЕУ од руските енергенси од почетокот на инвазијата врз Украина, лани е регистрирано „закрепнување на увозот на гас“ од Русија, поради што се потребни „покоординирани активности, бидејќи прекумерната зависност на ЕУ од рускиот увоз на енергија претставува безбедносна закана“.

Планот предвидува постепено отстранување на руските енергенси од европскиот пазар на координиран и безбеден начин, со цел да се зачуваат безбедноста во снабдувањето со енергија на ЕУ и воедно да се ограничат какво било влијание врз цените и пазарите.

Според проценките, во текот на оваа година се очекува забрзано зголемување на глобалните залихи на течен природен гас (ЛНГ), додека во исто време се предвидува намалување на побарувачката за гас.

Согласно ова, со целосна имплементација на Рамката на ЕУ за енергетска транзиција и со Акцискиот план за прифатлива енергија, се предвидува до 2027 година потрошувачката на природен гас во ЕУ да се намали за 40-50 милијарди кубни метри, а до 2030 година за 100 милијарди кубни метри. Во исто време, капацитетите на ЛНГ до 2028 година би требало да се зголемат на околу 200 милијарди кубни метри, што е пет пати повеќе од сегашниот увоз на руски гас од ЕУ.

Со планот се предвидува до крајот на оваа година земјите членки на ЕУ да подготват национални планови за постепено укинување на увозот на гас, нуклеарна енергија и нафта од Русија, паралелно со конкретни мерки за забрзување на енергетска транзиција и диверзификација на снабдувањето со енергенси.

Планот предвидува целосна транспарентност во набавките на руски гас, спречување на склучување на нови договори и прекин на постојните до крајот на 2025 година, со што увозот на енергенсот од Русија ќе се намали за една третина, по што целосниот негов увоз би запрел до крајот на 2027 година.

Во однос на нуклеарната енергија се предвидуваат мерки за редуцирање на увозот на руски збогатен ураниум и ограничувања за склучување на нови договори за снабдување со ураниум, збогатен ураниум и други нуклеарни горива од Русија. Дополнително, се предвидува лансирање на иницијатива „Европска долина на радиоизотопи“ за да се обезбеди снабдување на ЕУ со медицински радиоизотопи преку зголемено сопствено производство.

Врз основа на денеска промовираниот план, Европската Комисија во текот на следниот месец ќе предложи соодветни законски регулативи.

Со досега преземените мерки обемот на увезен руски гас во ЕУ е намален од 150 милијарди кубни метри во 2021 година на 52 милијарди кубни метри во 2024 година, при што уделот на енергенсот од Русија во вкупниот увоз падна од 45 на 19 отсто. Кога станува збор јагленот, неговиот увоз од Русија во ЕУ е целосно забранет со санкциите воведени поради агресијата врз Украина, додека уделот на руската нафта во вкупниот увоз во Унијата од 27 отсто на почетокот на 2022 година, сега е намален на само три проценти. Во истиот период, користењето на руско нуклеарно гориво во атомските централи со советски реактори ВВЕР во земјите членки на ЕУ е значително заменети со горива од други извори.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Протест на оризопроизводителите поради проблеми, од МЗШВ најавуваат итни решенија
Следна Статија Жена ги нападнала свекрвата, сопругот и золвата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Падна авион кај Мајорка: Се трага по екс воен пилот на САД и неговиот син

Поранешен воен пилот и неговиот син тинејџер биле во авионот што се урна во морето кај островот Мајорка. Авионот бил…

August 3, 2025
СВЕТ

(Видео) Римската брана ја издржа поплавата во Валенсија: стара е 2.000 години

Страшните поплави во Шпанија однесоа многу животи, а сега на интернет кружат бројни снимки од хоророт што го снајде населението.…

November 1, 2024
СВЕТ

Во Сан Антонио, најголемиот марш по повод Мартин Лутер Кинг се здобива со посебно значење

Најголемиот национален марш по повод Денот на Мартин Лутер Кинг има посебно значење во Сан Антонио, каде малата црна заедница…

January 21, 2026
СВЕТ

Судот одлучи: Германија ќе мора да им дава визи на Авганистанци

Германски суд денеска пресуди дека германската влада е обврзана да издава визи на авганистански државјани и членови на нивните семејства…

July 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?