Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Европратеник на Орбан го блокираше бугарскиот шовинистички амандман за „модерен“ македонски јазик!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Европратеник на Орбан го блокираше бугарскиот шовинистички амандман за „модерен“ македонски јазик!
МАКЕДОНИЈА

Европратеник на Орбан го блокираше бугарскиот шовинистички амандман за „модерен“ македонски јазик!

Објавено June 24, 2025 13:33
Сподели
Сподели

Бугарските медиуми известуваат денес на гласањето во Европскиот парламент унгарски европарламентарец го оспорил новоподнесениот амандман од ЕПП за „модерен“ (или современ) македонски јазик, како дел од извештајот за Македонија за Томас Вајц.

– Европатениците во Комитетот за надворешна политика (АФЕТ) на Европскиот парламент го одобрија извештајот за напредокот на Македонија, откако еден Унгарец од владејачката партија го блокираше амандманот предложен од неговите бугарски колеги, со кој би се менувал текстот со кој се признава македонскиот идентитет. Гласањето за овој необврзувачки документ се очекува во пленарната сала. Усниот амандман на Андреј Ковачев и Ивајло Велчев, со кој се додава зборот „модерен“ (може да значи и „современ“) пред формулата за македонскиот јазик и идентитет, беше блокиран од европратеникот од „Фидес“, пишува бугарски „Дневник“.

Според медиумот, прифатени се неколку други компромисни амандмани, но некои поднесени од бугарските европратеници не биле одобрени (на Андреј Ковачев и Ивајло Велчев). Велчев најави дека по гласањето за документот, ќе го претстави ставот на „малцинството“ за документот.

Радан К’нев, исто така, спомена дека пет души можат законски да го блокираат гласањето за усниот амандман.

– Тие станаа и се спротивставија – тројца од партијата на Орбан и уште тројца антиевропски националисти, поддржани од Орбанистите“, изјавил за бугарските медиуми К’нев.

–  Ништо фатално не се случи – ЕПП ќе го предложи целиот амандман во пленарната сала, а извештајот на ЕП не ја обврзува Бугарија во нејзината позиција во процесот на преговори, објаснил тој за медиумите. Но, додаде „барем Орбан покажа кој е – единствениот јавно деклариран противник на бугарската национална позиција во Европа, лидерот на партијата која го блокира широкиот консензус во заштитата на бугарскиот интерес и општата позиција на ЕК. Очекувам сè повеќе бугарски ’патриоти’ и ’националисти’, како и шефот на државата и лидерот на ГЕРБ, да продолжат да му се додворуваат и да објаснуваат каков пријател на Бугарија е тој“, рече К’нев.

И според „Дневник“ не само што предлог амандманот за додавање на зборот „модерен“ пред македонскиот јазик и идентитет не доби мнозинство, туку и сите амандмани од бугарските европратеници биле отфрлени. Извештајот бил одобрен од парламентарната комисија за надворешни работи со 40 гласа „За“, 19 гласаа „Против“, а 10 беа воздржани.

На 27 мај, агенцијата БГНЕС објави дека Европскиот парламент е на прагот да добие документ за напредокот на Македонија кон ЕУ кој вклучува признавање на „македонскиот идентитет и јазик“ на неколку места. Според БГНЕС, работата на документот била проследена со основани сомневања за надворешно мешање – вклучително и влијанието на Скопје врз содржината на документот, како и врз ставовите и активностите на австрискиот европратеник Томас Вајц. Според дипломатски и парламентарни извори, Вајц одржал десетици средби со претставници на Скопје, вклучувајќи пратеници и министри.

– Постојат основани стравувања за координирани напори од страна на Македонија да формулира политички изјави, еднострано служејќи ја својата позиција – особено за чувствителни теми како што се јазикот и идентитетот. Позагрижувачки е што Европскиот парламент нема надлежност да признава или дефинира идентитет и јазик. Во каква било форма да биде примен документот, ова не значи отворање на патот (на ЕУ) кон Скопје како што е дискутирано.Однесувањето и постапките на Вајц се спротивни и на моралните и на етичките принципи на европските институции, коментира денес БГНЕС.

Според „Дневник“ пак комбинацијата од  гласањето за извештајот за Македонија во Европскиот парламент и потенцијалните разговори на маргините на самитот на НАТО може да сугерира пат напред  по извесната тензија меѓу Софија и Скопјe. Но, додава авторот, тоа може и да покаже дека односите остануваат во ќорсокак сè додека не се промени македонскиот Устав.

Двете страни не гледаат никаква пречка за разговори во Хаг веднаш на самитот на НАТО, меѓу точките на дневен ред за трошењето за одбрана. Но, македонскиот премиер Христијан Мицкоски зборува за збунувачки сигнали од Софија, а бугарските власти – за нови сигнали, дека Скопјe прогонува Бугари само зошто се чувтсвуваат така.

„Новините“ пак ја пренесе изјавата на европарламентарецот Андреј Ковачев од партијата на Бојко Борисов, според која „антиевропските националисти од групата Патриоти за Европа ги блокирале промените во извештајот.

„Предлогот на четирите главни парламентарни групи за разјаснување на текстот во врска со македонскиот јазик и идентитет беше блокиран од антиевропските националисти од групата Патриоти за Европа и особено од партијата на Виктор Орбан“, рекол тој и додава:

„Извештајот треба да се гласа на пленарната седница на Парламентот во Стразбур во јули. Портпаролот на групата на ЕПП за надворешни работи, Михаел Галер, објави дека, во согласност со социјалистите, либералите и зелените, истите амандмани ќе бидат повторно поднесени за гласање на пленарна седница“, додаде Андреј Ковачев.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Таткото на Васил Јованов недостапен за судот, а ОЈО го награди со поблаго кривично дело
Следна Статија Кузеска: Една година Влада на ВМРО ДПМНЕ – понижени работници со најниски плати во Европа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Национал-шовинизам на дело: Лидерот на партијата „Преродба“ бара присоединување на Македонија кон Бугарија

Лидерот на ултаранационалистичката и крајнодесничарската бугарска партија „Преродба“, Костадин Костадинов, ја повика владата во Софија официјално да објави претензии за…

January 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Менди Ќура прогласи победа во Струга

По тесната трка во вториот круг, кандидатот Менди Ќура вечерва прогласи победа за градоначалник на Струга. Неговите поддржувачи веќе слават…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Зошто ги славиме светите браќа Кирил и Методиј?

Светите Кирил и Методиј во Православната црква се прославуваат како „Свети рамноапостолни Кирил и Методиј, учители словенски“. Кои се Светите…

May 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Новата учебна година ќе ја започнат 245 илјади ученици со учебници за сите и подобрени инфраструктурни услови

Утре започнува новата учебна 2025-2026 година. Настава ќе има до 10 јуни, а исклучок ќе бидат матурантите за кои редовните…

August 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?