Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Европската комисија најави пропорционален одговор на американските царини
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Европската комисија најави пропорционален одговор на американските царини
СВЕТ

Европската комисија најави пропорционален одговор на американските царини

Објавено April 6, 2025 10:35
Сподели
Сподели

Следната недела Европската Комисија ќе воведе контрамерки како одговор на американските царини за увоз на алуминиум и челик, додека одговорот за воведувањето царини за автомобили и реципрочни тарифи од 20 проценти за голем број производи ќе следи по анализа и консултација со земјите-членки.

Од 12 март на сила е одлуката за 25 отсто царини за увоз на алуминиум и челик во САД од целиот свет, а од 3 април и 25 отсто за сите автомобили и автомобилски делови што не се произведуваат во САД.

На 2 април, американскиот претседател Доналд Трамп најави реципрочни царини, минимум 10 отсто за сите, а уште повисоки царини за околу 60 земји, кои ќе стапат во сила од среда, на 9 април. Тој воведе царини од 20 отсто за Европската унија и 34 отсто за Кина, но и 33 отсто за Македонија.

Останува нејасно дали најавените тарифи ќе останат трајни или се дел од тактиката за добивање отстапки. Трамп рече дека царините ќе му дадат „голема преговарачка моќ“.

До средината на минатата недела, Комисијата ги консултираше земјите-членки за контрамерки на американските царини за челик и алуминиум, а одлуката се очекува да биде донесена во среда и да стапи на сила на 15 април.

Одлуката се носи на предлог на Комисијата во рамките на комитолошката постапка, што во пракса значи дека Комисијата може да донесе одлука доколку на неа не се спротивстави квалификувано мнозинство (55 отсто од земјите-членки кои претставуваат најмалку 65 отсто од вкупното население на ЕУ). Во случај да нема квалификувано мнозинство за или против предлогот, Комисијата може самостојно да донесе одлука.

Комисијата најави пропорционален одговор до 26 милијарди евра, што одговара на економскиот опсег на американските царини.

Во однос на контрамерките на американските царини за автомобили и автоделови и за реципрочните царини од 20 проценти, Комисијата посочува дека нема да избрзува, дека сака се детално да анализира.

Комисијата не сака да каже какви мерки би можела да преземе и нагласува дека „се е на маса“.

„Сите опции се на маса и не сакаме да шпекулираме што ќе правиме“, изјави за новинарите висок функционер на Комисијата кој сакаше да остане анонимен. Притоа ќе се води сметка евентуалните контрамерки да бидат што поболни за САД, а во исто време да и донесат што помала штета на Европа, односно да се воведат царини за американските производи за кои постои алтернатива.

„Нема да воведеме царини за производи што не ги произведуваме, додека Американците воведоа царини, на пример, за кафе или банани, кои тие воопшто не ги произведуваат“, изјави неименуван претставник на Комисијата. Тој додаде дека Европејците имаат алтернативи, на пример за мотоцикли „Харли Дејвидсон“, фармерки „Левис“ или соја.

Според првите проценки на Комисијата, реципрочните царини од 20 отсто се однесуваат на околу 290 милијарди евра европски извоз во САД, што на Американците би им донело приход од 58 милијарди евра.

На автомобили и автоделови што ЕУ ги извезува во вредност од околу 66 милијарди евра, приходот од царина од 25 отсто би изнесувал 16,5 милијарди евра, додека на извозот на алуминиум и челик во износ од 26 милијарди евра, царинскиот приход би изнесувал 6,5 милијарди евра.

Севкупно, дополнителните американски царини се однесуваат на стоки во вредност од околу 380 милијарди евра, што е околу 70 отсто од вкупниот извоз од ЕУ во САД. Со ова Соединетите Американски Држави би оствариле царински приход од 81 милијарда евра годишно, наместо досегашните 7 милијарди. Но, сумата од околу 80 милијарди можеше да се достигне само под услов обемот на трговската размена да остане ист, што не е логично да се очекува бидејќи обемот на трговијата се намалува со царинските бариери.

Комисијата има ексклузивна јурисдикција над надворешната трговија и земјите-членки не можат директно да преговараат со администрацијата на Трамп. Истовремено, мора да се внимава рамномерно да се распредели товарот на контрамерките, бидејќи не сите членки се подеднакво зависни од трговијата со американскиот пазар.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ферстапен победи во Јапонија
Следна Статија СНЕГ ПАЃА НА СТРАЖА – до вечерва се очекува снег на повеќе локации низ земјва, а можно е и низ градовите (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Идентификувани 113 пoвредени во пожарот во Швајцарија, меѓу нив и од Србија и БиХ

Смртоносниот пожар што избувна во бар во швајцарското алпско одморалиште Кран Монтана за време на прославата на Новата година, во…

January 3, 2026
СВЕТ

Русија ја нападна Украина со 147 дронови, соопшти украинското воздухопловство, најмалку 3 загинати

Русија ноќта ја нападна Украина со 147 беспилотни летала, соопшти денеска украинското воздухопловство. Беа нападнати неколку украински региони. Украинските сили…

March 23, 2025
СВЕТ

Трамп го обвини кинескиот претседател дека со Путин и Ким Џонг-ун прават заговор против САД

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини својот кинески колега Си Џинпинг дека заговорнички делува против САД заедно со рускиот лидер…

September 3, 2025
СВЕТ

Најбараниот мексикански наркобос „Ел Менчо“ убиен во воена операција

Мексиканската војска го уби водачот на картелот „Халиско Нуева Генерацијасион“, Немезис Рубен Осегера Сервантес, познат како „Ел Менчо“, во неделата,…

February 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?