Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Европската комисија предложи царини од 25 отсто за американски производи како одговор на мерките на Трамп
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Европската комисија предложи царини од 25 отсто за американски производи како одговор на мерките на Трамп
СВЕТ

Европската комисија предложи царини од 25 отсто за американски производи како одговор на мерките на Трамп

Објавено April 7, 2025 22:07
Сподели
Сподели

Европската комисија предложи воведување на одмазднички царини од 25 отсто за низа американски производи како одговор на царините што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп за увоз на челик и алуминиум, јави Ројтерс повикувајќи се на документ до кој добила пристап агенцијата, пренесува БТА.

Според документот, дел од царините ќе стапат во сила на 16 мај, а остатокот на 1 декември.

Списокот на производи опфатени со мерката е разновиден и вклучува дијаманти, јајца, колбаси, живинско месо и други производи. Царините за бадеми и соја ќе се применуваат од декември.

Еврокомесарот за трговија, Марош Шефчович, претходно денеска изјави дека предложените контрамерки ќе имаат помало економско влијание од првично проценетата вредност од 26 милијарди евра (28,45 милијарди долари).

Од почетниот список се отстранети бурбон, вино и млечни производи. Комисијата во март разгледуваше можност за 50 отсто царина на американскиот бурбон, што доведе до закана од Трамп за воведување на 200 отсто одмазднички царини на алкохолни пијалаци од ЕУ — закана што особено ги загрижи Франција и Италија поради нивната силна винска индустрија.

Покрај новите мерки, ЕУ од 1 април ги зајакна постојните заштитни мерки за челик, со цел да го намали увозот за 15 отсто, а разгледува и можност за квоти на увоз на алуминиум.

Земјите-членки на ЕУ треба да гласаат по предлогот на 9 април.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Ромите не се „малцинство“, туку народ со богата традиција, со музика, со јазик, со историја, традиција, обичаи
Следна Статија (ВИДЕО) Бил Гејтс: На децата ќе им оставам 1% од богатството, сакам сами да се изборат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Се укинуваат ФАКТЧЕКЕРИТЕ: Цукерберг најави големи промени на Фејсбук и Инстаграм

Компанијата Мета која е сопственик на Фејсбук и Инстаграм најави дека драстично ќе ги промени правилата за прегледување на содржината…

January 7, 2025
СВЕТ

Израел ѝ се заканува на Европа: „Ако ја признаете Палестина, ќе анектираме дел од Западниот Брег“

Министрите на израелската влада наводно ги предупредиле клучните европски земји дека какво било еднострано признавање на палестинска држава би можело…

May 27, 2025
СВЕТ

Шварценегер со поддршка за Камала Харис: Ако Трамп победи, нема да добиеме ништо друго освен гнев

Актерот и поранешен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер денеска изјави дека на претседателските избори во САД на 5 ноември ќе…

October 30, 2024
СВЕТ

Германски „Цајт“: САД во Иран претрпуваат економски и стратешки пораз

Германскиот весник „Цајт“ (Die Zeit) коментира дека САД во Иран претрпуваат воен, економски и стратешки пораз. Според весникот, американскиот претседљател,…

March 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?