Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Егзит“ потврди дека доаѓа во Македонија: Скопје домаќин на најголемиот фестивал во целиот регион идното лето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > „Егзит“ потврди дека доаѓа во Македонија: Скопје домаќин на најголемиот фестивал во целиот регион идното лето
ЗАБАВА

„Егзит“ потврди дека доаѓа во Македонија: Скопје домаќин на најголемиот фестивал во целиот регион идното лето

Објавено October 25, 2025 11:59
Сподели
Сподели

Познатиот регионален фестивал ЕГЗИТ (EXIT) објави дека во рамки на својата светска турнеја „EXIT Global Tour“ следната година ќе настапи во повеќе земји, меѓу кои и Македонија.

Според објавата на официјалниот Инстаграм профил на EXIT, првите дестинации за 2026 Exit Global Tour година се Египет, Индија, Малта, Хрватска, Македонија и Србија.

Оваа година, организаторите најавија дека српското издание на EXIT ќе се одржи во ноември, што значи дека во текот на летото нема да има традиционален фестивал во Нови Сад, со што Скопје има уникатна можност да биде најголемата фестивалска дестинација на EXIT во регионот идното лето.

Со ова, се потврдуваат и претходните најави на организаторите дека во тек е реализацијата на плановите за голем фестивал во Скопје, како дел од семејството на ЕГЗИТ фестивали ширум светот.

„Започнати се плановите за реализација на фестивалот во Скопје. Големо ни е задоволство што добивме покана Скопје да стане дел од Exit-овото фестивалско семејство. Македонската публика е од првиот ден меѓу најверните на Егзит и затоа сме подготвени, во партнерство со локални организации и музичари, веќе наредната година да започнеме голем фестивал во Скопје,“ стоеше во претходната изјава на организаторите.

EXIT, кој потекнува од Нови Сад, е еден од најпризнатите музички фестивали во Европа и светот, познат по својата уникатна комбинација на музика, младинска енергија и општествена порака. Само во Србија, фестивалот досега генерирал над 300 милиони евра туристички прилив, а неговите изданија низ регионот се препознаваат по силниот економски и културен ефект.

Овој настан во јавноста беше првично најавен по средбата меѓу основачот на EXIT Душан Ковачевиќ и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, по која беше првично најавено дека фестивалот ќе дојде во македонската престолнина. Со денешната официјална објава на EXIT, се потврдуваат тие најави и се реализира ветувањето дека Скопје ќе стане дел од светската фестивалска мапа.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ниту се гради, ниту се планира да се градат станбени градби кај клиниките, велат од Здравство
Следна Статија Мицкоски: Граѓаните во првиот круг гласаа за Македонија, во вториот круг излезете уште помасовно

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Овие четири хороскопски знаци ги очекува големо изненадување викендов

Викендов би можел да донесе неочекувани пресврти, средби или вести за некои хороскопски знаци што ќе ги променат нивните планови.…

March 7, 2026
ЗАБАВА

(ФОТО) Џиџи Хадид и Бредли Купер објавија заедничка фотографија

Убавата Џиџи за прв пат објави фотка со партнерот, холивудскиот заводник на манекенки, актерот Бредли Купер, а фотографијата е направена…

May 4, 2025
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Во Холивуд се подготвува римејк на „Телохранител“

Холивуд продолжува со преработка на класици, а следен е The Bodyguard, филмот од 1992 година кој се здоби со култен…

April 13, 2025
ЗАБАВА

Ставете го ова во паричникот за да имате пари засекогаш

Симболот на бесконечноста е еден од најстарите и најмоќните симболи, препознатлив во многу култури ширум светот.Неговото значење е поврзано со…

January 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?