Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Еден лек недостига на Онкологија, но од ФЗО најавуваат брзо решавање на проблемот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Еден лек недостига на Онкологија, но од ФЗО најавуваат брзо решавање на проблемот
ЗДРАВЈЕ

Еден лек недостига на Онкологија, но од ФЗО најавуваат брзо решавање на проблемот

Објавено April 4, 2026 18:57
Сподели
Сподели

За онколошките пациенти во државава во моментов недостига само еден лек – „палбоциклиб“, терапија која ја примаат 142 од вкупно 7.000 жени со дијагностициран рак на дојка.  Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски, уверува дека лекот наскоро ќе биде повторно достапен и дека проблемот е од административно-планска природа.

На денешната прес-конференција на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Клековски појасни дека недостигот настанал бидејќи кон крајот на 2025 година се појавила неочекувано голема потреба. Имено, биле планирани количини за 80 пациенти, но реалната бројка пораснала на 142.

„Кога има значително поголем број пациенти од планираниот број не е едноставно да се одговори на потребите, затоа буџетот за 2026 ќе биде зголемен за 50 проценти за два лека во оваа категорија. Очекуваме за две недели да биде објавен новиот повик за лекови што ќе ги опфати 2026-2027 година“, нагласи Клековски.

Тој додаде дека годинава истекува патентната заштита на овој лек, што значи дека од следната година се очекува значителен пад на неговата цена, а паралелно ќе се воведуваат и нови генерации лекови. Што се однесува до моменталниот недостиг на одредени тумор-маркери на Клиниката, директорот посочи дека пациентите можат да ги направат овие испитувања во другите државни болници и лаборатории каде што ги има.

Ана Марјановиќ, претседателка на Здружението ХЕМА-ОНКО и самата онколошки пациент, изрази големо задоволство од зголемениот опфат со лекови. Според неа, годинава е направен огромен исчекор кој директно спасува животи.

„Најпосле успеваме да отидеме три чекори напред на Балканот. Со зголемувањето на буџетот за оваа година, за одредени лекови 50 проценти од пациентите, за друг вид лекови 75 проценти успеаја да стигнат до имунолошка и биолошка терапија, што е за поздрав… Во однос на достапноста на терапијата сме фронтранери на Балканот“, изјави Марјановиќ.

Таа смета дека повремените недостатоци на поединечни лекови се неизбежни бидејќи е тешко однапред прецизно да се предвиди бројот на нови пациенти. Како долгорочно решение, таа предлага овие скапи терапии да се стават на позитивната листа, иако тоа би значело одредена партиципација, и повика на итна децентрализација на онколошките оддели низ болниците во државата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп планира да отпушти повеќе луѓе од својот кабинет
Следна Статија Фицо и Орбан бараат ЕУ да ги укине санкциите за руската нафта и гас за да се надмине кризата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Три пати повеќе заболени од грип годинава во однос на лани

Според последните податоци на ИЈЗ во текот на првата недела од 2026 година имало 1.725 заболени од грип, што е…

January 8, 2026
ЗДРАВЈЕ

Клековски: На болничко лекување остануваат уште тројца од повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“

Уште двајца од повредените млади луѓе во пожарот во кочанската дискотеката „Пулс“, се пуштени на домашно лекување, а на болничко…

August 29, 2025
ЗДРАВЈЕ

ГАК: Имаше кус прекин на струја, но бебињата добиваа кислород без застој

Клиниката за Гинекологија и акушерство испрати реакција по повод обвинувањата на партијата Левица, а ги објави „Фокус“. Од ГАК информираат…

April 4, 2026
ЗДРАВЈЕ

Будењето помеѓу 2 и 3 часот наутро може да биде знак за сериозен проблем

Доколку често се будите помеѓу 2 и 3 часот наутро, не го сфаќајте лесно. Експертите предупредуваат дека овој модел може…

October 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?