Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Еден лек недостига на Онкологија, но од ФЗО најавуваат брзо решавање на проблемот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Еден лек недостига на Онкологија, но од ФЗО најавуваат брзо решавање на проблемот
ЗДРАВЈЕ

Еден лек недостига на Онкологија, но од ФЗО најавуваат брзо решавање на проблемот

Објавено April 4, 2026 18:57
Сподели
Сподели

За онколошките пациенти во државава во моментов недостига само еден лек – „палбоциклиб“, терапија која ја примаат 142 од вкупно 7.000 жени со дијагностициран рак на дојка.  Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски, уверува дека лекот наскоро ќе биде повторно достапен и дека проблемот е од административно-планска природа.

На денешната прес-конференција на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Клековски појасни дека недостигот настанал бидејќи кон крајот на 2025 година се појавила неочекувано голема потреба. Имено, биле планирани количини за 80 пациенти, но реалната бројка пораснала на 142.

„Кога има значително поголем број пациенти од планираниот број не е едноставно да се одговори на потребите, затоа буџетот за 2026 ќе биде зголемен за 50 проценти за два лека во оваа категорија. Очекуваме за две недели да биде објавен новиот повик за лекови што ќе ги опфати 2026-2027 година“, нагласи Клековски.

Тој додаде дека годинава истекува патентната заштита на овој лек, што значи дека од следната година се очекува значителен пад на неговата цена, а паралелно ќе се воведуваат и нови генерации лекови. Што се однесува до моменталниот недостиг на одредени тумор-маркери на Клиниката, директорот посочи дека пациентите можат да ги направат овие испитувања во другите државни болници и лаборатории каде што ги има.

Ана Марјановиќ, претседателка на Здружението ХЕМА-ОНКО и самата онколошки пациент, изрази големо задоволство од зголемениот опфат со лекови. Според неа, годинава е направен огромен исчекор кој директно спасува животи.

„Најпосле успеваме да отидеме три чекори напред на Балканот. Со зголемувањето на буџетот за оваа година, за одредени лекови 50 проценти од пациентите, за друг вид лекови 75 проценти успеаја да стигнат до имунолошка и биолошка терапија, што е за поздрав… Во однос на достапноста на терапијата сме фронтранери на Балканот“, изјави Марјановиќ.

Таа смета дека повремените недостатоци на поединечни лекови се неизбежни бидејќи е тешко однапред прецизно да се предвиди бројот на нови пациенти. Како долгорочно решение, таа предлага овие скапи терапии да се стават на позитивната листа, иако тоа би значело одредена партиципација, и повика на итна децентрализација на онколошките оддели низ болниците во државата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп планира да отпушти повеќе луѓе од својот кабинет
Следна Статија Фицо и Орбан бараат ЕУ да ги укине санкциите за руската нафта и гас за да се надмине кризата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Таравари и Клековски им посакаа успех и среќа на специјализанти, 89 кандидати за вработување во 13 клиники на Клинички

Министерот за здравство Арбен Таравари и директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски попладнево им посакаа успех и среќа…

April 30, 2025
ЗДРАВЈЕ

Да се носат маски, да не се вклучува клима: ИЈЗ со препораки за заштита од штетното влијание на пожарите

Институтот за јавно здравје објави серија препораки за граѓаните во однос на масовните пожари кошто горат околу Скопје, но и…

July 9, 2025
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Позитивната листа ќе биде ревидирана двапати годишно и ќе имаме нови лекови

Позитивната листа на лекови ќе биде ревидирана двапати годишно и ќе имаме нови лекови, најави денеска на прес-конференцијата министерот за…

September 24, 2025
ЗДРАВЈЕ

Законот за заштита од пушење не се одложува – следната недела ќе биде доставен до Влада

Министерството за здравство останува целосно посветено на донесување и имплементација на Законот за заштита од пушење, согласно законските рокови. -Во…

February 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?