Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Една милијарда евра ќе вложат Интер и Милан во новиот стадион
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Една милијарда евра ќе вложат Интер и Милан во новиот стадион
СПОРТ

Една милијарда евра ќе вложат Интер и Милан во новиот стадион

Објавено September 20, 2025 09:09
Сподели
Сподели

Претседателот на Милан, Паоло Скарони (78), истакна дека Интер и Милан ќе го добијат најдобриот стадион во Европа до 2031 година, кој ќе биде гордост на сите граѓани на Милано, објавија италијанските медиуми.

Проектот за нов стадион во градскиот округ Сан Сиро е во изработка веќе долго време, инвестирани се многу пари и сигурно ќе ја постигнеме зацртаната цел. Милан и Интер ќе го добијат најдобриот стадион во Европа, на кој сите граѓани на Милано ќе бидат горди“, рече Скарони, претприемач кој за време на својата бизнис кариера беше на чело на италијанските енергетски компании Енел и Ени.

Компанијата „Популос“ е одговорна за прелиминарниот дизајн на стадионот. Стадионот е дел од генералниот план за ревитализација на клучна урбана област на Милано во округ посветен на спорт и забава.

Општина Милано, исто така, одлучи да го трансформира квартот Сан Сиро во пешачка зона со околу 110.000 квадратни метри зелена површина (40 проценти од вкупната квадратура.

Паркингот, кој моментално зафаќа 40% од целиот простор, ќе биде преместен во целосно подземен простор. Повеќето спортски и рекреативни објекти, затворени и отворени, ќе бидат бесплатни или субвенционирани од градот.

Правоаголниот стадион со 60.000 седишта е инспириран од градските знаменитости, како што се Дуомо ди Милано и Галерија Виторио Емануеле, па и прекарото на овој предложен дизајн е „Катедрала“. Околу стадионот ќе има вертикални летвички кои ќе се издигаат и ќе го поддржуваат стаклениот ѕид што го опкружува просторот наречен дневна галерија. Внатрешната структура на стадионот е дизајнирана да биде „најинтимна во Европа“, доближувајќи ги гледачите што е можно поблиску до игралиштето.

Оваа недела, секторскиот комитет на Градскиот совет на Милано даде зелено светло за купување на земјиштето на кое се наоѓа стадионот „Џузепе Меаца“. За земјиштето, кое го вклучува и околниот простор околу стадионот, Интер и Милан ќе треба да платат 197 милиони евра. Проектот на новиот стадион има поддршка од градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, а целата постапка во Градскиот совет треба да биде завршена до крајот на септември.

Се проценува дека конечната цена на изградбата на новиот стадион ќе биде околу една милијарда евра.

Сè уште не е утврдено дали сегашниот стадион „Џузепе Меаца“, со капацитет од 75.000 гледачи, ќе биде делумно или целосно срушен. Последното големо реновирање на стадионот се случи пред Светското првенство во 1990 година, чиј домаќин беше Италија.

Рокот за завршување на стадионот до 2031 година беше поставен за да може да биде домаќин на натпревари од ЕУРО 2032, чии домаќини се Италија и Турција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нови сообраќајни правила од 26 септември: Поминување на пешачки со мобилен ќе се казнува 40 евра, користење на мобилен при возење 50 евра
Следна Статија (Видео) Се судрија патнички и товарен брод за време на премин низ Босфорот, осум лица повредени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Големо засилување кај Блејзерси: Лилард се врати дома!

Демиан Лилард, еден од најпрепознатливите бекови во НБА лигата, официјално се врати во Портланд Трејл Блејзерс. Клубот од Орегон потврди…

July 18, 2025
СПОРТ

Леонид Јандреоски нов генерален секретар на ФФМ

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени неколку клучни одлуки. Меѓу другото назначен беше…

March 25, 2025
СПОРТ

Индијана Пејсерс се пласира во големото НБА финале (ВИДЕО)

Кошаркарите на Индијана Пејсерс го совладаа Њујорк Никс во шестата средба од финалето на Источната конференција со резултат 125:108, и…

June 1, 2025
СПОРТ

Бабунски: Нема да биде лесно, но одиме на триумф

Во пресрет на средбите со Летонија и Ерменија во Лигата на Нации репрезентативецот на Македонија Давид Бабунски истакна дека нема…

October 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?