Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Една од најпознатите туристички атракции во Америка прогласена за најлоша на планетата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Traveler > Една од најпознатите туристички атракции во Америка прогласена за најлоша на планетата
Traveler

Една од најпознатите туристички атракции во Америка прогласена за најлоша на планетата

Објавено January 22, 2026 14:14
Сподели
Сподели

Една од најпознатите туристички атракции во Америка, Холивудската патека на славните, неодамна е прогласена за најлоша туристичка атракција на планетата.

Ако отсекогаш сте го замислувале Холивуд како место на вечен сјај, луксуз и кинематографска магија, новите откритија може да ве шокираат.

Иако Соединетите Американски Држави се полни со атракции кои привлекуваат милиони посетители, од знаменитости во Њујорк и филмски локации, до импресивни национални паркови, до егзотични плажи – оваа холивудска икона се најде на самото дно на листата.

Студија вклучи 101 од најпознатите атракции во светот, а критериумите вклучуваа оценки на посетителите на Google, ниво на безбедност, оддалеченост од најблискиот аеродром, квалитет на сместување во близина и популарност на социјалните мрежи, особено TikTok.

Резултатите покажаа дека големата слава не гарантира позитивно искуство.

Холивудската патека на славните имала најниска просечна оценка од посетителите, лоши оценки за безбедност и дополнителен минус поради оддалеченоста од аеродромот LAX, кој е оддалечен околу 37 километри.

Патеката на славните се протега по должината на Холивуд булеварот и улицата Вајн, и се состои од повеќе од 2.800 ѕвезди вградени во тротоарот, посветени на познати личности од светот на филмот, музиката, телевизијата, радиото и уметноста, како и на историски имиња како што е Нил Армстронг.

Листа на 10-те најлошо оценети туристички атракции:

Холивудска патека на славните, Лос Анџелес
Мртво Море, граница Јордан-Израел
Голема чаршија, Истанбул
Кинески ѕид, Кина
Викторија Харбор, Хонг Конг
Музеј МОНА, Тасманија
Стоунхенџ, Обединето Кралство
Дизниленд Париз, Франција
Килиманџаро, Танзанија
Мачу Пикчу, Перу

Десетте најдобри туристички атракции во светот:

Саграда Фамилија, Барселона, Шпанија
Колосеум, Рим, Италија
Ајфелова кула, Париз, Франција
Милфорд Саунд, Нов Зеланд
Волт Дизни Ворлд, Орландо, САД
Пирамидите во Гиза, Египет
Христос Спасителот, Рио де Жанеиро, Бразил
Национален музеј за природна историја Смитсонијан, Вашингтон, САД
Дизниленд Калифорнија, САД Земји

Токио Дизниленд, Јапонија

Заклучокот на многу патници е јасен, познато име не секогаш значи незаборавно искуство, објавува mensjournal.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Германија „тргна“ со победа во втората фаза на Европското првенство
Следна Статија Мицкоски: Со реконструкција на булеварот „Теодосија Паунов“ во Кочани граѓаните ќе добијат модерна сообраќајна артерија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Traveler

ЕУ оствари рекордна година во туризмот, само две земји оствариле помалку ноќевања

Европската Унија во 2025 година се остварени околу 3,08 милијарди туристички ноќевања, што е за 61,5 милиони или два проценти…

January 17, 2026
Traveler

Ова се најжешките градови на Земјата

Најжешките градови низ светот остануваат возбудливи места за посета или живеење, но екстремните температури бараат екстремна претпазливост, особено на температури…

September 7, 2025
Traveler

Сметка од кафуле во Будва од која гостите ги заболе глава

На Фејсбук страницата Podgorički.info беше објавена сметка од ресторан во Будва, што предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Јасно пишува…

August 14, 2025
Traveler

Ова е најскапиот одмор во Европа: Рекордно високи цени, лежалките на плажа „огин и пламен“

Можете ли да погодите кое место во Европа е најскапо за изнајмување лежалки за плажа? Борбата за лежалки е посебна…

August 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?