Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Едно лице задржано во станица по трагичниот настан во Карпош, на распит повеќемина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Едно лице задржано во станица по трагичниот настан во Карпош, на распит повеќемина
ХРОНИКА

Едно лице задржано во станица по трагичниот настан во Карпош, на распит повеќемина

Објавено March 3, 2026 10:32
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога при пад од висококатница починаа мајка и дете.

-Едно лице е задржано во полициска станица и по наредба на јавниот обвинител се преземаат дејствија за испитување на евентуална кривична одговорност. Обезбедена е наредба од судија на претходна постапка и во текот на денот ќе се врши детален претрес на станот, кој веднаш по увидот е запечатен и обезбеден. Според првичните сознанија, во моментот на настанот, починатата и малолетното девојче биле сами во станот, заклучени од внатрешната страна. Денеска по наредба на јавниот обвинител се вршат распити на повеќе лица кои имаат определени сознанија, се врши екстракција на податоци од мобилни телефони и се обезбедуваат снимки од видео надзор и други снимки од неколку локации, информираат од ОЈО Скопје.

Во текот на вчерашниот ден беше наредена и обдукција на починатите.

Во однос на претходното постапување, јавниот обвинител побара детално известување од МВР и од Центарот за социјални работи со сите евентуални претходни пријави и поплаки од оштетената, а ќе нареди и внатрешната контрола на МВР да го испита постапувањето по тие пријави.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Hands-On With Nano Banana 2, the Latest Version of Google’s AI Image Generator – WIRED
Следна Статија ‘Open war’: Pakistan says ‘patience has run out’ as it bombs Afghanistan – Al Jazeera

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Само куќен притвор за осомничените во случајот со РЕК Битола, Обвинителството ќе се жали на одлуката на судот

Нема мерка притвор за двајцата осомничени во предметот за злоупотреби со јавни набавки во РЕК Битола. Основниот суд во Битола…

October 10, 2025
ХРОНИКА

На гробиштата во Ѓорче Петров се степале за паркинг

На 24.01.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на гробиштата на подрачјето на Ѓорче Петров…

January 25, 2026
ХРОНИКА

Kaj 22-годишна девојка пронајдени три кеси марихуана | ВИДЕО

На 12.02.2025 во 22.40 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода В.К.(22) од…

February 13, 2025
ХРОНИКА

Малолетен моторџија почина на пат кон Клиники по тежок судир во Кичево

Вчера во 15:26 часот во СВР Охрид било пријавено дека на пресекот на улиците „Борис Кидриќ“ и „Мирко Милески“ се…

July 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?