Ексминистерот Бектеши во домашен притвор

- Advertisement -

Крешник Бектеши, поранешниот министер за економија веќе е во домашен притвор, откако судот во Кочани уште вчера го прифатил предлогот на обвинителството да му се замени мерката. Зад решетки повеќе не е и поранешната државна секретарка во економија, Размена Чекиќ Дуровиќ. Два месеци тие беа во притвор во рамки на истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Бектеши се гони дека во 2021 година ставил потпис на првата лиценца за угостителски објект која ја извадила фирмата „Класик ДМ“ која тогаш раководела со дискотеката. Но, прашање е како е издадена кога објектот не бил угостителски и не ги исполнувал законските одредби и потребните минимални технички услови.

На наредната лицена за вршење на угостителска дејност на дискотетката од 2023 ќе се потпише Чекиќ Дуровиќ. Таа се гони и за примање на поткуп. Кога ќе се случи пожарот дискотеката ќе има фалсификувана лиценца.

За други 18 други осомничени за кои е предложено продолжување на претходно определниот притвор и куќен притвор кочанскиот суд ќе одлучува деновиве, односно најдоцна до 20 мај треба да се произнесе кога истекува рокот.

Сподели ја оваа статија