Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Експерти препорачуваат воведување четиридневна работна недела, бизнисот вели не сме подготвени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Експерти препорачуваат воведување четиридневна работна недела, бизнисот вели не сме подготвени
ЕКОНОМИЈА

Експерти препорачуваат воведување четиридневна работна недела, бизнисот вели не сме подготвени

Објавено February 16, 2025 12:33
Сподели
Сподели

Поделени се ставовите околу воведувањето четиридневна работна недела во земјава.

Бизнисот смета дека не сме подготвени поради се уште ниското ниво на продуктивност, а синдикатите остануваат на барањето да се скрати бројот на работни часови. Според психологот Мирјана Јовановска Стојановска, четиридневна недела ќе биде удар врз економијата, особено во посиромашните, недоволно развиени земји, но треба да се воведе заради благосостојба на работниците и за одржување на нивното ментално и физичко здравје.

– Се уште е рано за вакви чекори зашто има други приоритетни реформи што мора да се направат во следниот временски период. За да воведете четиридневна работна недела, мора ефикасноста да ја доведете на врвно ниво за да го прескокнете петтиот ден без притоа да имате какви било последици во остварувањето на резултатите. Со ваква ниска продуктивност како во Македонија, со воведувањето четиридневна работна недела ќе се случи катастрофа, вели за МИА претседателот на Сојузот на стопански комори, Трајан Ангелоски.

Од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) се децидни, скратената работна недела е можност, а не само желба на работниците. Потсетуваат дека во текот на преговорите за новиот Закон за работните односи, се залагале и за воведување 35-часовна работна недела.

– Во некои земји од Европа и светот, веќе се спроведени анализи и истражувања што покажале дека пократката работна недела многу подобро се одразува врз мотивираноста и продуктивноста на работниците, а со самото тоа и врз добивката на работодавците. Нашиот став е дека како земја аспирант за членство во ЕУ треба да се залагаме за намалување на работната недела на седум работни часа дневно или на четири работни дена во неделата, а не да се враќаме назад во историјата и да воведуваме експлоатација на работниците и работа во просек по 12 часа, истакнуваат од ССМ.

ССМ се повикува и на експертите кои укажуваат дека работниците треба да се ангажираат со реално работно време во рамки на кое ќе можат да ги извршуваат своите работни задачи без последици и влошување на нивното здравје и без ризици од повреди или губење човечки животи.

– Изразуваме загриженост дека со зголемување на бројот работни часови и денови во неделата ќе се зголеми ризикот од несреќи, повреди и смртни случаи на работа, како и дека ќе се загрози апликацијата на Македонија за влез во ЕУ, бидејќи предлозите се во спротивност со директивите за работно време на ЕУ. Продуктивноста на работниците е поврзана со условите за работа, примена на современи средства за работа, техники и технологии, здрави и безбедни работни услови, соодветна плата, почитување на принципите на пристојна работа, право на одмор и грижа за семејството. Само така работниците можат да бидат посветени на работата и лојални на работодавачите. Во спротивно, сведоци сме на се помасовен одлив на работна сила од земјата, нагласуваат од ССМ.

Предочуваат и дека примената на електронските комуникации и можности, дигитализацијата и новите техники и технологии во производните процеси резултира со постигнување поголема ефикасност во работењето, а истовремено создава и реална основа за намалување на работната седмица на 35-часовно работно време.

– Потребни се законски измени, усогласување на работно – правното законодавство со европското и светските трудови стандарди, а сето тоа може да се обезбеди со подобрување на социјалниот дијалог, промовирање на синдикалното организирање и активно вклучување на синдикатите во креирање на националните стратегии и политики за економски и општествен развој, подвлекуваат од ССМ.

Идејата за четиричасовна работна недела се приближува кон човековите права заштитени со меѓународни акти

Психологот Јовановска Стојановска вели дека најголемиот дел од работоспособните години во животот луѓето ги посветуваат на работа. Малку време им останува за семејниот живот, за воспитување и сакање на децата, за грижа за сопственото ментално и физичко здравје.

– Четиридневната работна недела ќе биде голем удар врз економијата, особено во посиромашните, недоволно развиени земји, но на луѓето ќе им донесе големи можности за уживање во сопствените животи. Ако веќе имаме толку општо познати акти за човекови права би требало и да ги почитуваме. Но, секогаш, за жал, политичките и економските интереси победуваат врз интересите на луѓето. Како психолог препорачувам да се воведе четиричасовна недела за благосостојба на работниците, за одржување на нивното ментално и физичко здравје и за здравјето на нивите семејства, нагласува Јовановска Стојановска.

Над 17 отсто од вработените Европејци работат со скратено работно време

Владата на Шпанија, во договор со синдикатите, но без поддршка на најголемите здруженија на работодавците, одобри намалување работната недела од 40 на 37,5 часа без да се намалат платите. Советот на министри на 5 февруари годинава усвои Нацрт-закон кој двата најголеми синдиката, ЦЕОЕ и УГТ, го опишаа како историска мерка од која потенцијално би имале корист 12 милиони работници.

Еклспериментално, од 1 февруари 2024 година Германија воведе четиридневна работна недела без намалување на платите. Во процесот беа вклучени 45 компании и организации. Резултатите и постигнатиот ефект биле различни.

Ваков експеримент имаше и во Велика Британија. Опфати 2 900 вработени од финансискиот, ИТ и градежниот сектор, онлајн трговијата, анимацијата, маркетингот и киосците за брза храна. Според истражувачите од Кембриџ и Бостон, деновите на боледување биле намалени за околу две третини и речиси 40 отсто од вработените рекле дека чувствуваат помалку стрес. Се намалил и бројот на вработени кои дале отказ за 57 отсто, а забележан бил и просечен раст на продажбата за околу 1,4 проценти. Вкупно 56 од 61 компанија учесничка изјавиле дека сакаат да ја одржат четиридневната работна недела и по завршувањето на тест фазата.

Најави и од Токио за воведување четиридневна работна недела

Во декември минатата година гувернерката на Токио соопшти дека сака да воведе четиридневна работна недела за службениците во управата на главниот јапонски град како дел од националниот обид за поттикнување на родителството.

Информации за пилот-проекти за намалување на работната недела има и за Канадa, САД, Австралија, НовЗеланд, Исланд, Ирска,….

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Како доматот поскапува 4 пати од нива до маркет?
Следна Статија Шефот на „Епл“ најави нов производ: „Запознајте го новиот член на семејството“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Од денеска јавно ќе се објавуваат цените на маркетите – трговците бараат одложување

Од денеска стапува на сила нова обврска за сите големи трговци на мало – јавно објавување на цените на производите…

April 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Ветерот ќе ја движи Македонија – стартува изградбата на „Богданци 2“

На Меѓународниот ден на ветерот, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска ја најави новата фаза од развојот…

June 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ристески: Се финализира просечна потрошувачка кошничка, нема да биде за политиканство

Просечна потрошувачка кошничка е готова, се финализираат уште некои работи. Во неа сигурно нема да има цигари и алкохол и…

April 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: И во 2025-та очекувам висока бројка на странски директни инвестиции

-2024 година ја завршивме со рекордно историско ниво на странски инвестиции од 1 милијарда и 255 милиони евра со што…

March 5, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?