Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Екс репрезентативецот Николче Новески станува дел од тимот на ФФМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Екс репрезентативецот Николче Новески станува дел од тимот на ФФМ
СПОРТ

Екс репрезентативецот Николче Новески станува дел од тимот на ФФМ

Објавено September 2, 2025 18:34
Сподели
Сподели

Николче Новески, поранешниот македонски репрезентативец и долгогодишен капитен на германски Мајнц, станува дел од тимот на Фудбалската федерација на Македонија.

Новески е назначен за раководител на скаутинг службата, со задача да ја координира и развива стратегијата за следење и идентификување на млади таленти со македонско потекло ширум Европа и светот. Оваа активност е дел од новите приоритети на ФФМ, со цел да се прошири базата на фудбалери за сите национални селекции и да се отвори уште поголем простор за иднината на македонскиот репрезентативен фудбал.

Николче Новески кој има 64 настапи за македонската репрезентација ќе работи во координација со Горан Пандев, Ѓорги Христов и Агим Ибраими во насока на следење на фудбалерите, како и организирање на тест натпревари надвор од Македонија, каде младите ќе имаат можност да се докажат.

-Среќен сум што станувам дел од тимот на ФФМ и што ќе имам можност да придонесам за развојот на македонскиот фудбал. Верувам дека со моето искуство и долгогодишна кариера во Бундеслигата, заедно со тимот во Федерацијата, ќе изградиме силен систем на скаутинг кој ќе овозможи секој талентиран фудбалер со македонско потекло да добие шанса да се докаже. Нашата цел е да создадеме услови за напредок и за уште посилни национални селекции во иднина, вели Новески.

-Николче Новески е име кое со својот карактер и настапи е запаметен во Македонија и во германската Бундеслигата. Задоволство е што ваков професионалец прифати да биде дел од нашиот тим, заедно со Пандев, Христов и Ибраими. Верувам дека со неговото искуство, авторитет и познавања ќе изградиме систем кој ќе донесе нови имиња во нашите селекции. Нашата мисија е јасна, ниеден фудбалски талент со македонско потекло да не остане незабележан. Ова е силен чекор напред во модернизацијата и професионализацијата на нашата работа, истакнува претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија До 30 септември се продолжува забраната за движење во шумите
Следна Статија Караванот „Македонијо, во срце те носиме“ патува за Штип

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Македонските кошаркари утре патуваат за Унгарија

Кошаркарската репрезентација на Македонија рано утре заминува за Унгарија и Романија, каде што ќе ги игра следните два натпревара од…

August 5, 2025
СПОРТ

На 38 години почина Драган Лабовиќ, поранешен кошаркар на Карпош Соколи

Драган Лабовиќ, поранешен српски кошаркар почина на 38-годишна возраст. Некои од српските медиуми пишуваат дека причината за смртта е срцев…

May 10, 2025
СПОРТ

Никола Јокиќ ќе стане најплатениот кошаркар во историјата на НБА лигата

НБА тимот на  Денвер Нагетс подготвуваат нов договор за трикратниот МВП на НБА Никола Јокиќ. Продолжување на соработката меѓу Србинот…

April 14, 2025
СПОРТ

Меси не е сигурен дека ќе игра на Мундијалот

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси изрази желба да игра на Светското првенство следната година, но само под еден услов. Поранешниот играч…

October 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?