Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Емотивно и тензично беше денеска на судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Емотивно и тензично беше денеска на судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“
ХРОНИКА

Емотивно и тензично беше денеска на судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“

Објавено December 29, 2025 16:45
Сподели
Сподели

Со сослушување на сведоци законски застапници на оштетените денеска во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Со солзи, длабоки воздишки и лелеци семејствата на починатите во пожарот во „Пулс“ ги слушаа сведочењата со скршен глас и длабока тага на мајките на починатите деца во пожарот на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Обвинетите немо и со наведнати глави немоќно молчеа, кога мајките низ солзи исполнети со празнина и тага порачаа дека животот по 16 март повеќе не е ист.

-Не барам сожалување, барам да ја признаете вината. Сите тука… Нашите деца не починаа од природна смрт. Нашите деца беа убиени и задушени. Болката што ја носиме секој ден е тешка. Нашите деца повеќе нема да се вратат дома, изјави низ солзи една од мајките.

Мајката на 16-годишната Драгана, која го загубила животот во пожарот, со скршен глас пред Судот, рече дека е тука не затоа што е силна, туку затоа што и ветила на својата ќерка дека кога ќе дојде денот да зборува ќе ја каже вистината за се што видела таа вечер.

Таа пред Судот рече дека вечерта, самата ја однела ќерка и Драгана со автомобил до дискотеката, каде се чекала со другарките зошто била решена да отиде на концерт, на групата што ја сакала и ги пеела нивните песни.

На концертот на ДНК, на 16 март бил и нејзиниот малолетен син со другарите, кои биле на возраст од 13-14 години.

-Вечерта кога влегла полиција да прави рација во дискотеката, кога стигнале на масата и виделе дека се малолетни ги избркале надвор. Подоцна околу 2 часот кога видел дека има гужва ѕвонел, прво кај неа, а потоа кај татко му, изјави низ солзи мајката.

Со сопругот веднаш се упатиле пред дискотеката, каде кога стигнале веќе гледале како деца бараат помош.

-Ќе кажам, тоа што го видов, сега сите велат дека спасувале и помагале вечерта. Да е така, немаше да има ниту една жртва. Помагаа само оние кои сега се веќе починати, бидејќи таму немаше простор да влезеш два до три пати, а да излезеш жив. Моето дете никаде го немаше, изјави со скршен глас мајката.

Сведокот Габриела, мајка на починатата Надица, во својот исказ пред Судот, објасни дека иако не требала да излегува вечерта, нејзината малолетна ќерка ја молела да оди зошто сакал да ја види нејзината симпатија.

Во својот исказ пред Судот, таа нагласи дека „Пулс“ била единствената дискотека во зимскиот период во Кочани, каде, во последните две години често излегувала и самата таа, а исто, како што рече, излегувале и многу од тие што седат тука.

-Се дури не се случи несреќата не сме се ниту сомневале дека таа дискотека работи нелегални и со толку црни работи. Кога ќе видиш дека таму оделе инспектори, полицајци, адвокати, градоначалници… 90 отсто од цело Кочани, изјави сведокот.

Сведокот пред Судот рече дека третообвинетиот Михајло, во кафичот „Класик“, лично во нејзино присуство ја прашувал Кристина, инспекторка со која таа се дружела дали и кога ќе има контрола.

-Таа му одговори, тука ќе немаш, а во дискотеката да. Може и обратно не се сеќавам, рече мајката.

Прашана како знае дека некои од лицата се обезбедување, мајката рече дека последните две години таа со своите другарки била редовен гостин во дискотеката и дека истите лица биле цело време обезбедување.

– Тројца беа обезбедување, ништо повеќе. Цело Кочани знаеше дека тие се обезбедувањето во дискотеката, но на себе немаа никакви ознаки, појасни таа.

Третообвинетиот Михајло, во забелешка пред Судот, рече дека не ја познава Кристина и дека не е точно дека разговарал со неа.

Ова, како и прашањата на дел од адвокатите на обвинетите, предизвикаа остра осуда и реакции на семејствата на загинатите, па Судот на момент мораше да ги предупреди дека ќе бидат исклучени ако продолжат со дофрлања.

Претходно, прва сведочеше мајката на починатиот 24-годишен Андреј, која низ солзи одговарајќи на прашања од Обвинителството, рече дека пред таа кобна вечер биле просечно нормално скромно семејство, а сега само преживуваат.

Нејзиниот син Андреј, како што објасни, работел како келнер во ресторан и на 16 март бил ангажиран на помош во дискотеката „Пулс”. Газдата Дејан Јованов, ноќта на несреќата во 1 часот, исто така, на испомош во Пулс, бидејќи имало многу гости, го повикал и помалиот син Кристијан.

Во пожарот таа кобна вечер го загубила Андреј, а Кристијан, како што рече, се уште се обвинува што не успеал да го спаси брат му. – Тие денови не знам како ги поминав. Цело бев со инекции и лекарства, изјави мајката.

Сега, мајката рече дека преживуваат на некој начин и животот и е поделен пред и по 16 март.

-Секое сабајле станувам и се соочувам со реалноста, со празнината, со загубата. Знаеш дека ништо не можеш да смениш, но се прашуваш зошто, зошто тој не можеше да се спаси. Сега дури сум љубоморна на една личност, што е најодговорна за тоа што се случи, што неговиот син е покрај него, а мојот никогаш нема да се врат, изјави таа.

Судењето продолжува на 14 јануари, за кога се повикани пет сведоци.

На минатото рочиште почна доказна постапка, со сослушување на сведоци на предлог на Обвинителството. Прво сведочеше сопственик на авто-лимарски сервис лоциран веднаш до дискотеката кој зборуваше за реновирањето на „Пулс“ од неговата перспектива како сосед на објектот, како и за трагичната ноќ кога објектот беше зафатен од пожар.

Сите обвинети на почетокот од судењето изјавија дека не се чувствуваат виновни за трагедијата во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Некои од нив изразија сочувство кон семејствата на жртвите, но останаа на ставот дека не сториле „тешки дела против општата сигурност“.

На почетокот на процрсот, во воведното излагање, обвинителот Борче Јанев истакна дека судењето е чекор кон утврдување на лична и институционална одговорност, нагласувајќи дека општеството мора да се соочи со вистината – кој дозволил, кој молчел и кој не спречил да се случи трагедијата во „Пулс“. Тој порача дека не е важно само кој го запалил огнот, туку и кој имал можност да го спречи, посочувајќи дека трагедијата не е резултат само на пиротехниката, туку на долгогодишни системски пропусти, институционален молк и недостиг на контрола што ја претвориле дискотеката во „смртоносна стапица“.

Јанев нагласи дека се бара правда, не како одмазда, туку како последица на незаконитост и занемарена должност. Повеќемина обвинети, преку своите адвокати, ја оспорија основаноста на обвинението. Нивните одбрани тврдат дека обвинетите не презеле дејствија што би можеле да доведат до пожарот, дека поседувале валидна документација и дека трагедијата е резултат на институционални пропусти, а не на индивидуална вина. Одбраната најави изведување докази и сведоци што, според нив, ќе ја потврдат оваа теза.

Во воведен збор, одбраната на првообвинетиот сопственик на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов, истакна дека и по девет месеци притвор не може да поверува во трагедијата и дека како родител никогаш не би дозволил небезбедни услови во клубот. Неговиот син, третообвинетиот Михаил Јованов, преку одбраната тврди дека против него нема ниту еден доказ и дека е обвинет само затоа што е член на семејството Јованови.

На 16 март 2025 година, за време на настап на групата „ДНК“ во дискотеката „Пулс“ во Кочани, избувна пожар во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Во објектот имало над дозволениот број посетители, меѓу кои и малолетници, а пиротехнички средства биле активирани без дозвола. Објектот работел незаконски повеќе од една деценија, без минимално-технички услови, со реконструкции без дозволи и без систем за противпожарна заштита.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Заврши реконструкцијата на ГАК вредна 110 милиони денари
Следна Статија Мицкоски: Стапката на сиромаштија бележи намалување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Убиство во Тетово, жртвата застрелана со автоматска пушка

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денска во Тетово, информира…

August 10, 2025
ХРОНИКА

Усмртиле пешак: Маж и жена лажеле за да избегнат вина- снимките од „Сејф сити“ го уловиле возачот

На 02.11.2024 во 17.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„500“ и ул.„401“ во Марино, скопско,…

November 3, 2024
ХРОНИКА

Среде Кичево направил депонија: Кривична за директорот на „Комуналец“ и четворица вработени

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против З.Ј.(49) од с.Горно Строгомиште, кичевско, поради постоење основи на сомнение…

June 17, 2025
ХРОНИКА

МВР отвори предистрага: Дали Дамева фалсификувала записници?

Министерството за внатрешни работи отвори предистрага по допрен глас за фалсификување на записниците за мандатот на Дамева. Во тек е…

December 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?