Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЕМОФ: Велосипедистите од Исланд се во добра здравствена состојба, самоиницијативно тренирале на патеката која не е дел од официјалната
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > ЕМОФ: Велосипедистите од Исланд се во добра здравствена состојба, самоиницијативно тренирале на патеката која не е дел од официјалната
СПОРТ

ЕМОФ: Велосипедистите од Исланд се во добра здравствена состојба, самоиницијативно тренирале на патеката која не е дел од официјалната

Објавено July 25, 2025 09:01
Сподели
Сподели

Во врска со сообраќајната незгода што се случи на 23 јули 2025 година, околу 12:00 часот на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, во близина на селото Зубовце, ЕМОФ информира дека двајца малолетни велосипедисти од репрезентацијата на Исланд, учесници на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ), се здобија со телесни повреди.

По укажаната медицинска помош во Општата болница Куманово, како што е соопштено, утврдено е дека спортистите се во стабилна и добра здравствена состојба, без потреба од хоспитализација.

На местото на настанот веднаш реагирале претставници од организацискиот комитет на ЕМОФ Скопје 2025, кои им укажале поддршка и помош на повредените спортисти и биле во постојан контакт со делегацијата од Исланд.

Според официјалниот извештај на СВР Куманово, на 23.07.2025 година во 12:09 часот било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, во атарот на с. Зубовце, патничко возило „Фолксваген Пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од лице на возраст од 42 години, удрило во двајцата велосипедисти од Исланд. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Во согласност со полицискиот извештај, истите велосипедисти не се движеле на официјална и одобрена патека за тренинг или натпревар, ниту во времетраење што било определено за тренинг активност. Според податоците, делегацијата на Исланд на сопствена иницијатива и без најава до организациониот комитет, спровела тренинг на регионален пат кој не бил дел од агендата на ЕМОФ.

Од исландската делегација во изјава до организацискиот комитет изразија жалење за инцидентот, при што посочија: „Жалиме за ненамерниот инцидент што се случи надвор од официјалната тренинг патека на ЕМОФ. Благодарни сме што двајцата велосипедисти се во добра здравствена состојба. Благодарност до организаторите и медицинскиот тим за нивната брза реакција и поддршка. Ќе соработуваме целосно со сите релевантни институции за да се расветли случајот и да се осигураме дека сите активности продолжуваат во духот на спортот, одговорноста и безбедноста.“

Во соопштението организаторите потсетуваат, „за тренинг активности од 10:00 до 13:00 часот, полицијата имаше обезбедено целосно блокирана и безбедна траса од пред ресторанот Фемили во населбата Карпош, по стариот пат за Крива Паланка, преку местото викано Света Петка, па по регионалниот пат Куманово – граничен премин Пелинце до Меморијалниот центар АСНОМ. На оваа делница сообраќајот за возила и пешаци беше во целост стопиран.

Инцидентот, како што беше потврдено и од страна на полицијата, претставува изолиран случај и не е поврзан со официјалната организација и безбедносните мерки на ЕМОФ. Организацискиот комитет на ЕМОФ Скопје 2025 изразува длабоко жалење за настанот и продолжува со блиска комуникација со делегацијата на Исланд и сите релевантни институции, со цел да обезбеди целосна поддршка за повредените спортисти.

Со цел да се спречат вакви и слични инциденти во иднина, упатуваме апел до сите тимови и учесници строго да се придржуваат до официјалните упатства, дозволени патеки и предвидени временски рамки за тренинг и движење, како и навремено да ја известуваат организацијата за секоја планирана активност надвор од официјалната програма.

Во меѓувреме, натпреварите продолжуваат во најдобар ред. Во денешната женска трка во друмски велосипедизам триумфираше Ана Бонаси од Италија, сребрениот медал го освои Ана Меусен од Белгија, а бронзата ѝ припадна на Мелани Роу од Велика Британија. Натпреварувањето се одвиваше согласно сите предвидени безбедносни

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Падна интернетот на Илон Маск
Следна Статија Земјотрес ја погоди Лефкада: „Многу се тресеше“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Жиру за Дарко Панчев: Кој е овој? (ВИДЕО)

Лил вчера ја совлада Црвена Ѕвезда со 0-1 и продолжи во Лигата на Европа. По мечот најдобриот фудбалер на гостите…

February 27, 2026
СПОРТ

БЈУ ќе се натпреварува со Тексас Тек за титулата во Big 12

Кугарите веќе го обезбедија своето место во големото финале по победата на Аризона минатата ноќ

November 30, 2025
СПОРТ

Ферстапен со триумф на Имола

Возачот на Ред Бул и актуелен шампион во Формула 1, Макс Ферстапен беше најбрз на трката во Имола, каде зад…

May 18, 2025
СПОРТ

Mуслиманот Салах позираше пред божиќна елка

Египетскиот фудбалер на Ливерпул, Мохамед Салах се најде на удар на навивачите откако објави семејна фотографија пред новогодишна елка. Триесет…

December 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?