Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЕМОФ Скопје 2025 стартуваше со светски рекорд во скок со стап и европски рекорд во стрелаштво
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > ЕМОФ Скопје 2025 стартуваше со светски рекорд во скок со стап и европски рекорд во стрелаштво
СПОРТ

ЕМОФ Скопје 2025 стартуваше со светски рекорд во скок со стап и европски рекорд во стрелаштво

Објавено July 22, 2025 08:40
Сподели
Сподели

По спектакуларната церемонија на свеченото отворање, започнаа и спортските возбудувања на Европскиот младински олимписки фестивал – Скопје 2025. Младите олимписки надежи од цела Европа ги имаа своите први настапи на спортските борилишта ширум главниот град и во Куманово, испраќајќи силна порака за единство, спортски дух и иднина полна со потенцијал.

Во фокусот на првиот натпреварувачки ден беа финалните дисциплини во атлетика, каде што се случи историски момент: беше соборен светски рекорд во скок со стап за девојки до 17 години. Естонката Алика Инкери Мозер со прескокнати 4,52 метри постави нов светски рекорд, надминувајќи го претходниот од 4,51 метар. Сребрениот медал ѝ припадна на Моана Пејрард од Франција, која скокна 4,05 метри, а бронзата ја освои Анастасија Бумпулиди од Грција со скок од 3,95 метри.

Медалите на првата официјална церемонија на ЕМОФ Скопје 2025 ги врачи Спирос Капралос, Претседател на Европските олимписки комитети, додека Даниел Димевски, Претседател на Македонскиот олимписки комитет, на секоја од медалистките ѝ подари маскота – симбол на фестивалот и вредностите што го обединуваат.

Европскиот младински олимписки фестивал – Скопје 2025

Првиот ден го одбележа и Турчинката Елиф Берфин, која со 421,2 остварени круга постави европскиот рекорд во стрелаштво, гаѓање со воздушен пиштол на 10 метри. Анастасија Живковиќ од Србија го освои второто место, додека третото место го обезбеди Миа Грош од Австрија.

Одличен старт за македонските пливачи: Државен рекорд и лични најдобри времиња

Првиот натпреварувачки ден донесе и одлични индивидуални настапи за македонските пливачи, со нови државни и лични рекорди во повеќе дисциплини. Дамјан Станковски постави државен рекорд до 14 години на 200 м градно со време 2.35:41 мин, соборувајќи го досегашниот резултат 2.37.90.

Европскиот младински олимписки фестивал – Скопје 2025

Лични рекорди на возраст до 15 години поставија Даниел Милошевски на 400 метри слободно (4:25:11 мин), Никола Велковски на 400 м градно (4:21:50 мин) и Михаил Алексовски на 200 м градно (2:38,01 мин), како и Милан Јанковски на 100 м грбно на возраст до 14 години. Единствена нашата натпреварувачка која избори пласман во полуфиналето е Неда Миленковска на 200 метри пеперутка.

Волонтерите – срцето на ЕМОФ Скопје 2025

Над 700 волонтери се вклучени во реализацијата на Европскиот младински олимписки фестивал – Скопје 2025, внесувајќи младешка енергија, ентузијазам и позитивен дух на секој чекор. Тие се тука да пречекаат, насочат, помогнат и охрабрат – и за учесниците, и за публиката, и за сите гости на фестивалот.

Европскиот младински олимписки фестивал – Скопје 2025

Волонтерите доаѓаат од различни делови на земјата и Европа, обединети од заедничката желба да бидат дел од едно големо спортско доживување. Нивната улога не е само логистичка – тие се амбасадори на пријателството, на соработката, на вредностите на олимпискиот дух и, пред сè, на иднината што ја гради оваа млада генерација. Токму нивната посветеност и искрена насмевка го прават фестивалот топло, безбедно и инспиративно место за сите млади спортисти што го сонуваат својот олимписки пат.

Што не очекува во вторник на ЕМОФ Скопје 2025?

Вторник (22 јули) донесува уште еден динамичен натпреварувачки ден на ЕМОФ Скопје 2025. Младите спортисти продолжуваат со настапи во вкупно 12 спортови на повеќе локации во Скопје и Куманово. Ќе продолжат атлетските возбудувања во неколку дисциплини, а љубителите на пливањето ќе можат да следат нова серија утрински квалификации, како и полуфинални трки во повеќе дисциплини, меѓу кои и 100 м слободно, 200 м пеперутка и штафети. Од екипите спортови за издвојување се кошарка, одбојка, ракомет и баскет 3х3, каде се играат клучни мечеви во групната фаза, а на програмата се и натпревари во џудо, пинг-понг, гимнастика, бадмингтон, велосипедизам и стрелаштво.

Детален распоред по спорт и временска рамка можете да најдете на следниот линк:

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонија под топлотен бран, и денеска до 42 степени
Следна Статија Јаневска: Од септември ќе имаме нова програма и повторно ја враќаме Историјата како предмет во седмо одделение

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Билетите за гостувањето на македонските фудбалери во Кардиф од денеска во продажба

Почна продажбата на билетите за завршниот натпревар на македонската репрезентација во мундијалските квалификации против Велс во Кардиф, објави денеска Фудбалската…

October 24, 2025
СПОРТ

Синер и ВАДА се договорија, Италијанецот прифатил три месечна суспензија

Италијанскиот тенисер Јаник Синер е суспендиран на три месеци поради случајот Клостебол, супстанца на која беше позитивен на тестот во…

February 15, 2025
СПОРТ

Дончиќ објасни како ослабел 16 килограми: За прв пат во животот престанав да играм кошарка

Словенечката кошаркарска суперѕвезда Лука Дончиќ се одмара по настапот на Евробаскетот со словенечката репрезентација, која ја водеше до четвртфиналето, каде…

September 17, 2025
СПОРТ

Кошаркарската репрезентација пристигна во Орадеа

Кошаркарската репрезентација на Македонија од денеска е во Орадеа, Романија каде в среда го игра натпреварот од претквалификациите за Светскиот…

August 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?