Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Енормно загадување на водата во Струга
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Енормно загадување на водата во Струга
МАКЕДОНИЈА

Енормно загадување на водата во Струга

Објавено February 13, 2026 15:05
Сподели
Сподели

По информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни потреби на подрачјето на Струга, Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за да се испитаат причините и евентуално сторени кривични дела против животната средина и природата.

Во координација со МВР – ОВР Струга, издадена e наредба за правосудната полиција да изврши увид на локација во селото Шум, каде се сместени изворите од кои подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење“, информираа од Обвинителството.

При увидот, дополнуваат оттаму, треба да бидат присутни и надлежни инспекциски служби од областа на животната средина, од Агенцијата за храна и ветеринарство, како и од Центарот за јавно здравје.

Директорот на локалниот ЈП „Водовод“ Меџијаит Јусуфоски вчера си поднесе оставка од морални причини, откако пет дена имаше криза со загадена вода во Струга. Тој состојбата со водата ја окарактеризира како „катастрофална по здравјето на граѓаните“.

Од чешмите во Струга тече темнокафеава вода, а првичните анализи на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) покажаа дека заматеноста е дури 30 пати над дозволеното. Водата е прогласена за технички неисправна и не смее да се користи ниту за пиење, ниту за готвење, ниту за лична хигиена.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Извршниот директор на AppLovin ги потценува ризиците од вештачката интелигенција
Следна Статија Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата член на Државната комисија за спречување на корупцијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Вистинска драма при полицискиот претрес: Пратеникот Јахоски во обид да ја саботира акцијата?!

При полицискиот претрес во домот и канцелариите на едно од лицата осомничено за учество во сомнителните набавки на нафтени деривати,…

March 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Македонското прашање сè уште не е затворено“, порача Мицкоски во „Беломорски клуб читална“

„Беломорски клуб читална“, Здружението на Македонците по потекло од Егејскиот дел на Македонија, одбележа една година од своето работење. На…

April 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Проектот БорПрес2 е чекор напред кон воспоставување на граничниот премин Маркова нога – Лемос

Денеска во Лемос, Општина Преспа – Грција, во присуство на министрите за внатрешни работи на Македонија и Грција, Панче Тошковски…

June 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денес е роденденот на Методија Андонов – Ченто: Симбол на македонската борба за слобода

На 17 август 1902 година во Прилеп е роден Методија Андонов – Ченто, значајна фигура во македонската историја и прв…

August 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?