Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЕСМ за испадот на Блок 2: Имавме саботажа, се води истрага
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ЕСМ за испадот на Блок 2: Имавме саботажа, се води истрага
ЕКОНОМИЈА

ЕСМ за испадот на Блок 2: Имавме саботажа, се води истрага

Објавено June 21, 2025 17:24
Сподели
Сподели

ЕСМ реагира на денешните обвинувања на СДСМ за тендерот за технолошко чистење во РЕК Битола, тврдејќи дека се работи за лаги, а компанијата ги исполнила сите критериуми.

„Во врска со континуираните дрски и лажни обвинувања од СДСМ – уништувачите на македонскиот енергетски систем, ја информираме јавноста дека Техно Коп Плус ДООЕЛ Битола е избрана за компанија за технолошко чистење, откако ги исполнила сите наведени критериуми по јавниот повик. Овој понудувач, понудил за 30% пониска цена од досегашната договорна. Иако одлуката е донесена, договорот сè уште не е потпишан поради тековната жалбена постапка. Договорот ќе биде склучен по истекот на овој период“, велат од ЕСМ.

Во однос на испадот на Блок 2 од мрежата, нагласија дека немало хаварија туку извесно е дека им се случила саботажа, а целиот настан во моментов е предмет на истрага од надлежните институции.

Во меѓувреме, додека технолошкото чистење од надворешни изведувачи е во прекин, се преземаат проактивни мерки за внатрешно справување со сите отворени прашања.

„Се вложуваат максимални напори за повторно ставање во функција на Блок 2 и Блок 3. И двата ќе бидат за многу кратко време спремни за синхронизација на мрежата а кој од нив ќе влезе, ќе одлучи раководството на РЕК Битола. Во овој период заради обемот на конзумот, нема потреба да “возиме” со 2 блока.

Во меѓувреме снабдувањето со електрична енергија во државата е целосно обезбедено. Ова се постигнува преку ТЕ Осломеј, зголеменото производство од хидроелектраните на АД ЕСМ, како и преку балансирана набавка и продажба на ел. енергија преку МЕМО“, се вели во реакцијата на ЕСМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Џабари Паркер две години во Партизан
Следна Статија Насекаде имало крв – Том Круз доживеал несреќа за време на снимање на 18+ сцена

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Јорданоски: Ниски откупни цени, неорганизиран пласман и нелојална конкуренција дел од предизвиците во земјоделството

Она што може да се дефинира како значајни проблеми и предизвици во делот на пласманот на земјоделското производство се ниски…

December 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Алибаба предводи пад на технолошкиот сектор по кратко објавување на црната листа на Пентагон

Групацијата Алибаба предводи распродажба на акции на кинески технолошки компании по привремено додавање на некои од најголемите имиња на списокот…

February 17, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: За првпат имавме раст од 3% и сме меѓу првите пет земји со најбрзорастечки економии во Европа

Претседателот на Владата на Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за последниот извештај за движењето на платите објавен од…

March 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Можно е минимално поскапување на струјата

Од 1 јануари можно е граѓаните да имаат повисоки сметки за струја, но точниот процент на поскапувањето сè уште не…

November 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?