Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Етапно ќе се воведува Системот за влез и излез во Шенген зоната, договорија членките на ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Етапно ќе се воведува Системот за влез и излез во Шенген зоната, договорија членките на ЕУ
СВЕТ

Етапно ќе се воведува Системот за влез и излез во Шенген зоната, договорија членките на ЕУ

Објавено March 5, 2025 14:36
Сподели
Сподели

Министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ на денешниот состанок во Брисел постигнаа договор за етапно воведување на Системот за влез и излез (ЕЕС), кој треба да обезбеди дигитална контрола на државјаните на трети земји кои влегуваат или излегуваат од Шенген зоната.

Според полскиот министер за внатрешни работи и администрација Томаш Сјемоњак, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, постигнатиот договор од една страна овозможува флексибилност, а од друга ја гарантира „безбедноста на миграциските движења“.

Многу сум задоволен што за време на полското претседавање со Советот на ЕУ, кое се фокусира на безбедносните прашања, беше можно да се постигне таков значаен напредок во контролата и заштитата на нашите надворешни граници, додаде Сјемоњак.

Преку ЕЕС системот дигитално ќе се регистрира влезот и излезот од ЕУ на државјаните од трети земји при нивниот краткотраен престој во некоја од членките на блокот. Согласно предвидените правила, при првиот влез или излез од ЕУ по стартувањето на системот, на државјаните од трети земји ќе им бидат скенирани податоците од пасошот и отпечатоците од прстите и ќе бидат фотографирани и тие податоци ќе бидат зачувани во дигиталната датотека на Унијата.

Согласно денеска постигнатиот договор, не е одреден датум за почеток на постепена примена на системот, туку е оставено за тоа посебна одлука да донесе Европската комисија откако во сила ќе стапи Регулативата за ЕЕС.

Договорот само ги регулира начините како земјите членки ќе ја спроведуваат постепена примена на ЕЕС. Така, во првиот месец од неговото функционирање ќе мора да се врши дигитална регистрација на најмалку 10 отсто од лицата што минуваат преку премините на надворешните граници на ЕУ. Дополнително, во првите 60 дена од примената, земјите членки може да го применуваат ЕЕС и без земање на биометриски податоци.

Во текот на првите три месеци од стартот на примената, земјите членки треба да го воведат ЕЕС системот со можностите за земање биометриски податоци на најмалку половина од нивните гранични премини.

До истекот на периодот за постепена примена на системот, земјите членки се обврзани да започнат со целосна регистрација на лицата кои преку нивните гранични премини влегуваат или излегуваат од ЕУ.

Ваквиот договор е постигнат имајќи ги предвид различните потреби на земјите на ЕУ, со што се овозможува некои членки да можат да го имплементираат ЕЕС системот постепено, додека на други им се нуди можност за негова целосна примена уште од првиот ден.

Во октомври 2023 година Советот на ЕУ ги одобри плановите за започнување на функционирање на ЕЕС на крајот на 2024 година, но поради неможноста за испочитување на овој рок како резултат на стравувањата дека неговото целосно стартување „може да претставува фактор на ризик за издржливоста на ИТ системот“ на Унијата, беше донесена одлука за одлагање на неговата примена.

Согласно одлуката за постепена примена на ЕЕС системот сега е потребно усвојување на нова Регулатива со која би се уредил ваквиот начин на имплементација. По постигнатиот договор меѓу земјите членки, Советот на ЕУ треба да почне преговори со Европскиот парламент за усогласување на текстот на новата Регулатива за ЕЕС, како следен чекор кон нејзино конечно усвојување.

Откако ќе стане целосно оперативен, ЕЕС системот ќе им овозможи на членките на ЕУ пристап во реално време до личните податоци на државјаните на трети земји, историјата на нивните патувања и информациите за тоа дали ги почитуваат одредбите за престој во Шенген зоната. Се проценува дека на овој начин значително ќе се намали веројатноста за измами со идентитетот и времето на престој, со што ќе се зајакне безбедноста на Шенген зоната.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: „One stop shop“ железнички премин помеѓу Македонија и Србија, Коридорот 10 еден од главните крвотоци на државата!
Следна Статија Македонските планини: Природно богатство што бара заштита и одржлив развој

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Доналд и Меланија Трамп пристигнаа во Белата куќа

Новиот американски претседател Доналд Трамп со сопругата Меланија предмалку пристигнаа во Белата куќа каде ги пречекаа досегашниот домаќин, претседателот Џо…

January 20, 2025
СВЕТ

Трамп: Путин само ме тапка по рамото

Претседателот на САД, Доналд Трамп, по кратката средба со неговиот украински колега Володомир Зеленски во Ватикан, синоќа објави долга порака…

April 27, 2025
СВЕТ

Владимир Путин доби писмо од Меланија Трамп за киднапираните деца за време на војната во Украина

Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија, го покрена прашањето за тешката положба на децата во Украина и Русија во…

August 16, 2025
СВЕТ

Почина мафијашот Мезина, човекот што 22 пати избега од затвор

Грацијано Мезина, најпознатиот италијански бегалец и мафијаш, човекот кој успеа дури 22 пати да избега од затвор и притоа доби…

April 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?