Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЕУ одобри нова инјекција за превенција на ХИВ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > ЕУ одобри нова инјекција за превенција на ХИВ
ЗДРАВЈЕ

ЕУ одобри нова инјекција за превенција на ХИВ

Објавено August 26, 2025 19:18
Сподели
Сподели

Европската комисија одобрила продажба на нова инјекција на компанијата Gilead Sciences, која служи за превенција од ХИВ инфекција и се прима два пати годишно, соопшти компанијата денеска.

Инјекцијата, која Европската комисија ја одобри во јуни годинава, ќе се продава во Европа под името „yeytuo“. Покрај 27-те земји-членки на Европската унија, ќе биде достапна и во Норвешка, Лихтенштајн и на Исланд, јавува Ројтерс.

Gilead ќе преговара за цената и условите за надоместок со здравствените системи во секоја земја пред инјекцијата да биде пуштена во промет.

Компанијата информира дека одобрувањето во ЕУ било извршено преку забрзана постапка, а добиена е дополнителна година за заштита на пазарот.

Ленакaпавир, активната супстанца во инјекцијата, која се прима двапати годишно, е во процес на регулаторна ревизија во Австралија, Бразил, Канада, Јужноафриканска Република и Швајцарија, а Gilead ги подготвува и барањата за одобрување во Аргентина, Мексико и Перу.

Во САД, лекот под името „yeztugo“ исто така беше одобрен во јуни, а каталошката цена изнесува повеќе од 28.000 долари годишно.

Европската комисија одобри оваа терапија како предекспозициона профилактика (PrEP), со цел да се намали ризикот од сексуално пренослив ХИВ кај возрасни и адолесценти со повисок ризик од инфекција.

Ленакaпавир покажа речиси 100% ефикасност во превенцијата на ХИВ според големите испитувања спроведени минатата година, а Светската здравствена организација во јули го препорача како дополнителна опција за PrEP.

Gilead најави дека ќе продолжи со поднесување барања за одобрување во земјите со ниски и средни приходи, вклучувајќи приоритетни регистрации во 18 земји каде што живеат 70% од луѓето заразени со ХИВ.

Компанијата, во соработка со Глобалниот фонд за борба против сида, туберкулоза и маларија, планира да обезбеди ленакaпавир за до два милиони луѓе во земјите со ниски приходи во следните три години.

Извор: N1info.rs

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Апокалиптични сцени во Аризона, градот е во мрак и хаос од песочната бура
Следна Статија Димал Баша избран за претседател на Собранието на Косово после 58 обиди

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Стоматолошка комора: Имавме неколку контроли, не беа констатирани неправилности

Имавме неколку контроли и не беа констатирани неправилности, изјави на денешната прес-конференција, претседателот на Стоматолошката комора, Маријан Денковски. Прес-конференцијата следи…

August 11, 2025
ЗДРАВЈЕ

Судот го прифати супервештачењето за случајот Вепоска

Судот во Струга го прифати супервештачењето од вештите лица избрани од судско медицински одбор при Медицинскиот факултет од Скопје за…

April 14, 2025

3 работи што епизодата ‘8:00 AM’ на ‘Пит’ ги постигна точно за ВИ во медицината, и една големa грешка

Дали ВИ е навистина 98 проценти точен? Не толку брзо...

January 17, 2026
ЗДРАВЈЕ

Се вработуваат над 950 лекари, болничари, сестри и психолози

Министерството за здравство информира дека од именувањето на министерот Азир Алиу на 9 јуни, започнал интензивен процес за засилување на…

July 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?