Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЕУ сака драстично да ги зголеми цените на цигарите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > ЕУ сака драстично да ги зголеми цените на цигарите
Blog

ЕУ сака драстично да ги зголеми цените на цигарите

Објавено June 12, 2025 09:00
Сподели
Сподели

Пушачите во ЕУ се под закана од значителен удар, објави Билд кој нагласува дека Европската комисија под водство на Урсула фон дер Лајен ги повикува земјите-членки значително да ги зголемат даноците на тутун. Целта на мерката е да се намали бројот на случаи на рак и да се намали товарот врз здравствените системи.

Во документот од 196 страници, во кој „Билд“ имале увид, Комисијата повикува на „супресија на потрошувачката на тутун, меѓу другите даночни мерки за намалување на побарувачката“. Во текстот се истакнува дека повисоките даноци би можеле да испратат „ценовен сигнал дека пушењето е навистина штетно и дека треба да се сузбие со сите средства“.

Според ЕК, зголемувањето на даноците и цените на тутунските производи е најефикасната поединечна мерка што може да ја намали потрошувачката и да ги охрабри граѓаните да престанат да пушат или барем да пушат помалку.
Комисијата предлага износот на даноците во иднина да се прилагодува според нивото на економски развој на секоја земја-членка, врз основа на посебен индекс. Според проценките на Европската унија на даночни обврзници, ова би значело зголемување на данокот на тутун за Германија за приближно 20 проценти.
Претседателот на здружението, Михаел Јегер, предупреди: „Очекуваме цените на цигарите да пораснат за околу 20 проценти. Ова мора веднаш да се запре.“

Просечната цена на кутија цигари во Германија моментално е околу 9 евра (вклучувајќи ги даноците). Доколку цените се зголемат за 20 проценти, поголемите пакувања би можеле да станат поскапи за околу едно евро.

Новата директива треба да се однесува не само на класичните цигари, туку и на новите производи од тутун . Целта е потрошувачката на никотин да се направи помалку привлечна, дури и во таканаречените форми без чад.

Исклучок сепак би биле производите за замена на никотин, како што се никотинската гума за џвакање (на пр. Nicorette), кои се користат за да им помогнат на луѓето да се откажат од пушењето. Според планот, нацртот на новата директива треба да биде одобрен од комесарот на Европската комисија до средината на јули.
Тутунската индустрија остро го критикува предлогот. Претседателот на индустриското здружение, Михаел фон Ферстер, рече: „Здравствената заштита не смее да се користи како изговор за уништување на сигурни даночни модели и опстанокот на малите и средните производители“.

Јанус Паутс од JTI (кој произведува брендови како што се Benson & Hedges и Camel) предупреди дека значителното зголемување на даноците може да го поттикне брзото ширење на црниот пазар на цигари: „Масовното зголемување на даноците е економска програма за организиран криминал“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Израел се подготвува да го нападне Иран
Следна Статија Една од најопасните организации на светот ја освојува Европа: Се заканува бран насилство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Научени лекции по користење на MeshCore за комуникација надвор од мрежа

Истражување на можностите за декентрализирана и независна комуникациска технологија

December 8, 2025

Заем од 1 милијарда долари за повторно отворање на нуклеарната централа Три Милји Ајленд

Планот за повторно отворање на Три Милји Ајленд за снабдување на Microsoft со електрична енергија доби федерална гаранција за заем,…

November 21, 2025
Blog

Рекорден број милионери во светот

Минатата година во светот имало 23,4 милиони милионери, најмногу досега, според извештајот за светското богатство објавен оваа недела од консултантската…

June 8, 2025
Blog

Европска централна банка: Повторно функционираат платните трансакции во евра

Европската централна банка (ЕЦБ) вечерва извести дека „инцидентот е решен“ и дека TARGET 2 Securities (T2), систем за порамнување хартии…

February 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?