Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЕУ ја одобри втората транша средства за Македонија во рамките на Инструментот за реформи и раст
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ЕУ ја одобри втората транша средства за Македонија во рамките на Инструментот за реформи и раст
ЕКОНОМИЈА

ЕУ ја одобри втората транша средства за Македонија во рамките на Инструментот за реформи и раст

Објавено October 17, 2025 13:26
Сподели
Сподели

Со Одлука за спроведување на Европската комисија, Европската Унија го одобри второто ослободување на средства за Република Македонија во рамките на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан. Со оваа одлука се одобрува вкупен нето износ од 16 милиони евра, како комбинирана поддршка: дел неповратни средства и дел заем. Од овој износ, 7,4 милиони евра се исплаќаат директно во државниот буџет, додека остатокот е наменет за финансирање на инфраструктурни проекти преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF). Вкупниот износ е утврден по одземањето на средствата кои се користат за порамнување на претфинасирањето, односно на авансно исплатените средства во рамките на инструментот.

Одлуката, која претставува признание за реформите што Владата ги спроведе во насока на усогласување со стандардите на Унијата, следува по позитивната оценка на Европската комисија за барањето доставено од министерот за европски прашања Орхан Муртезани, како национален координатор за Инструментот за реформи и раст. Комисијата утврди дека Македонија ги исполнува предусловите и општите услови за ослободување на средствата, кои се однесуваат на демократското владеење, владеењето на правото, макроекономската стабилност и управувањето со јавните финансии.

Со оценката на Европската комисија се опфатени чекорите од Реформската агенда 2024-2027 со рок на реализација до јуни 2025 година. Од вкупно 16 чекори, Република Македонија пријави како исполнети девет, врз основа на процената направени од надлежните институции. Европската комисија, во рамките на сопствената техничка проценка, оцени дека четири од овие чекори се задоволително исполнети: три од областа на дигитализацијата и еден во делот на деловната средина кој се однесува на инспекциските надзори. Реализираните активности се однесуваат на усвојување на нов закон за безбедност на мрежи и информациски системи, усогласен со европската Директива за сајбер-безбедност (NIS2), на нов закон за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, со кој се воведува европскиот дигитален идентитет, како и на закон за архивски материјал со кој се воспоставува рамка за електронско архивирање во јавната администрација. Дополнително, Комисијата потврди значителен напредок во борбата против неформалната економија преку зголемен број инспекции од страна на трудовата и пазарната инспекција.

За чекорите кои не се целосно реализирани, Европската комисија утврди продолжен рок (грејс период) за нивна имплементација до јуни 2026 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МВР во недела ќе користи дронови за безбедно одржување на изборите
Следна Статија Ѓорѓиевски на средба со Дарко Панчев: Две деветки во напад, сигурна победа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Преку сериозна акција одземавме 427 лиценци, најголем дел се од Б категорија каде спаѓаат и станбени згради

Владата и министерството за транспорт преземаат активности за да се превенираат трагедии. Вицепремиерот Александар Николоски изрази сочувство на фамилиите кои…

March 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

175 црнопетошки понуди кои се уште важат, потврдени од експертите за зделки

Црниот петок е речиси готов за 2025 година, но сè уште можете да заштедите на подароци и личната листа на…

November 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

ДРИН АХМЕТИ ЈА ГУБИ „СОРАВИЈА“: Деловниот центар оди на јавно наддавање со почетна цена од 22,4 милиони евра

Бизнис центарот „Соравиа“ во центарот на Скопје е ставен под извршителска продажба поради финансиски обврски кои не биле исполнети. Дрин…

April 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Живо прашање и одговор: Разрешување на интервенцијата на РБИ за стабилизирање на паѓачкиот индиски рупи

Новинарите на Блумберг одговараат на прашања за интервенцијата на РБИ за стабилизирање на индискиот рупи по неговиот најголем пад од…

November 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?