Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЕХФ ги суспендираше Начевски и Николов
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > ЕХФ ги суспендираше Начевски и Николов
СПОРТ

ЕХФ ги суспендираше Начевски и Николов

Објавено January 10, 2026 14:44
Сподели
Сподели

Mакедонските ракометни судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски останаа без можност да судат на Европското првенство (ЕП) кое се игра од 15 јануари до 1 февруари, откако ЕХФ ја повлече нивната номинација.

Од Европската ракометна федерација соопштија дека за време на подготовките за ЕП, сите судиски двојки мора да ги исполнат барањата и да поминат фитнес тест.

Начевски и Николов се обвинети од Куќата на ракометот дека наводно го лажирале фитнес тестот и поради тоа се суспендирани од претстојното ЕП.

-Овој процес е осмислен со цел да се обезбеди физичката подготвеност на судиите и нивната усогласеност со перформансните стандарди на турнирот. Тој вклучува доставување на две видео-снимки од т.н. „Мултистејџ фитнес тест“ – едната направена осум недели, а другата четири недели пред почетокот на ЕХФ ЕУРО. Снимките ги оценува фитнес-партнерот на ЕХФ, компанијата Fitgood Pro. По доставувањето на видеата од страна на Николов и Начевски, Европската ракометна федерација кон крајот на декември беше известена дека поднесените снимки можеби биле изменети и дека не претставуваат веродостоен и целосен запис од тестот. Поради тоа, ЕХФ го подложи материјалот на дополнителна анализа од експертите на „Фитгуд Про“, а снимките беа предадени и на интегритетниот партнер на федерацијата, објавија од ЕХФ.

Од ЕХФ најавија дополнителна истрага, по што ќе објават детали.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДИК: Гласањето на болните, немоќните и затворениците за градоначалници во четири општини се одвива непречено
Следна Статија Николоски на терен: Патиштата проодни, снегот редовно се чисти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Данило Божовиќ од „Макпетрол“ е Балкански карате-шампион

Данило Божовиќ од карате клубот Макпетрол, освои златен медал на Балканското првенство за кадети, јуниори и У-21 што се одржува…

November 9, 2025
СПОРТ

Барбарез ја разреши дилемата: Еве зошто не играше Џеко

Селекторот на Босна и Херцеговина Сергеј Барбарез објасни тоа што синоќа сите се прашуваа-зошто во тимот не е Един Џеко.…

June 13, 2026
СПОРТ

Нова голема трампа во НБА: Џими Батлер оди кај Стеф Кари во Голден Стејт Вориорс

Џими Батлер го напушти Мајами Хит, се пресели во Сан Франциско, во Голден стејт Вориорс. Овој трејд дојде по прилично…

February 6, 2025
СПОРТ

(Видео) Алварез и Мбапе прв пат стрелци во градското дерби – Реал и Атлетико ремизираа

Мадрилењо дербито одиграно во 23.коло на „Сантијаго Бернабеу“ зарши без победник 1:1 (0:1). Интересен натпреварто одиграа Реал и Атлетико. Гостите…

February 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?