Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Е-фактура“ е проект што ќе донесе дигитализација, намалување на трошоците и повисока даночна усогласеност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > „Е-фактура“ е проект што ќе донесе дигитализација, намалување на трошоците и повисока даночна усогласеност
ЕКОНОМИЈА

„Е-фактура“ е проект што ќе донесе дигитализација, намалување на трошоците и повисока даночна усогласеност

Објавено February 2, 2026 19:20
Сподели
Сподели

Проектот за е-фактура претставува долгорочна инвестиција, која ќе донесе значајни придобивки и за компаниите и за државата“, истакна директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, на настан организиран од Сојузот на стопанските комори на Македонија, каде што деловната заедница се запозна со процесот на воведувањето е-фактура.

Таа пред бизнис-секторот потсети дека пилот-фазата на имплементација почна на 1 јануари оваа година и дека во тек е периодот на подготовка, во кој, како што нагласи, активно се вклучени и софтверските компании што развиваат фактурирачки решенија, како и економските оператори со сопствени ЕРП-системи.

Според директорката, техничката документација за пристап до системот е објавена и јавно достапна, со цел навремено приспособување и развој на АПИ-канали за комуникација со платформата „Е-фактура“.

Таа најави дека клиентската и веб-апликацијата ќе бидат објавени во вториот квартал годинава по што ќе почне тестирањето со малите и средните компании, кои немаат сопствени системи и ќе ги користат бесплатните решенија што ги обезбедува УЈП.

Пред бизнис-заедницата директорката потенцира дека развојот на „Е-фактура“ се одвива во партнерство со стопанството бидејќи проектот ќе влијае врз секојдневното работење на компаниите. Таа посочи дека дигитализацијата ќе доведе до значително намалување на административниот товар, автоматизација на процесите, укинување на рачните активности и побрзо архивирање и следење на фактурите.

Системот ќе отвори можности за дополнителна дигитализација, како автоматско книжење, подготовка на налози за плаќање и користење на податоците за аналитички и деловни цели.

Од аспект на УЈП, проектот значи добивање структуирани податоци во реално време и подобрена даночна усогласеност. Податоците ќе се вкрстуваат со постојните бази – даночни пријави, финансиски биланси, банкарски и царински податоци, што, како што беше истакнато, ќе овозможи побрзо откривање и корекција на евентуални отстапувања.

Петрова појасни дека наместо контроли по неколку години, системот ќе обезбеди навремени и автоматизирани реакции, што, според неа, е во интерес и на компаниите бидејќи ќе овозможи побрзо и полесно коригирање грешки.

Директорката на УЈП порача дека платформата „Е-фактура“ ќе придонесе за сузбивање на сивата економија и нелојалната конкуренција преку обезбедување дигитална трага за сите деловни трансакции во земјата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ: „Ако сака борба против корупција, Мицкоски прво нека се уапси себеси“
Следна Статија Еко-свест бара стоп за „Бошков мост“: Проектот бил спротивен на законите на Маврово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ: Инспекциски контроли во маркетите низ цела Македонија, утврдено дека цените се намалени за 10 отсто

Имајќи предвид дека од денеска почнува кампањата на Владата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме!“, Пазарниот инспекторат низ…

December 15, 2024
ЕКОНОМИЈА

Со златни резерви од 6,9 тони, Македонија 78. во светот

Македонија се наоѓа на 78. место во светот според девизните резерви во злато од 6,89 тони, покажува најновиот извештај на…

October 21, 2024
ЕКОНОМИЈА

Трамп избира кариерен службеник да раководи со агенцијата за статистика чиј претходен шеф го отпушти

Агенцијата е без постојан лидер од август кога Трамп го отпушти претходниот комесар Ерика МекЕнтарфер поради послаб извештај за вработувањето.

February 1, 2026
ЕКОНОМИЈА

Митева: Владата не размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање

Владата не размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање. Предлогот кој вчера наиде на бројни критики од страна на…

December 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?