Во живо појавување што бргу се претвори во медиумска драма, Бојан Јовановски – Боки 13 – и поранешната шефица на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Рускоска, влегоа во жестока вербална пресметка пред целата јавност.
Ситуацијата кулминираше кога Јовановски, неочекувано, ѝ се јави во програмата на Рускоска и директно ја праша:
„Дали спиеш мирно покрај сите гревови кои што ги направи?“
Рускоска кратко и остро одговори:
„Да, спијам мирно.“
Овој краток дијалог беше само почеток на серија меѓусебни обвинувања и саркастични реплики кои го запалија студиото и јавноста. Тензичната размена на зборови потсети на нивната конфронтација од времето кога Јовановски беше обвинет и осуден, а Рускоска водеше неколку од клучните истраги.
Леле-леле-леле…
Боки и се јавуват од анонимен број на ВиРус. Во живо.
Пустата, креват.
Дотерана ли е Вилмуш, според вас? Или не?
Чисто да го видите калибарот 🙂#ОкршајТитана pic.twitter.com/UQPyi9FlAq
— Боби (@BatmanSaysT) June 2, 2025