Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Живковски: Нашата цел е катастарот да стане пример за ефикасна, дигитална и транспарентна институција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Живковски: Нашата цел е катастарот да стане пример за ефикасна, дигитална и транспарентна институција
МАКЕДОНИЈА

Живковски: Нашата цел е катастарот да стане пример за ефикасна, дигитална и транспарентна институција

Објавено April 19, 2025 10:27
Сподели
Сподели

Агенцијата за катастар на недвижности има амбициозна цел – да прерасне во модерна, целосно дигитализирана институција која ќе овозможи брзи, достапни и квалитетни услуги за сите граѓани. Во интервју за веб-порталот Скопје Инфо, директорот Иван Живковски посочува дека катастарот треба да биде гаранција на сопственоста, поддршка на урбанистичкото планирање и алатка за развој на инфраструктурата и општеството во целина.

Меѓу најголемите тековни предизвици, Живковски ги посочува застарената технолошка инфраструктура и дефицитот од стручен кадар – резултат на седумгодишен занемарен кадровски развој. Во таа насока, веќе се спроведуваат мерки – од внатрешна реорганизација и регрутирање на млади професионалци, до редовни обуки и нови соработки со правосудните и стручни комори.

„Со моето доаѓање затекнавме над 5.600 заостанати предмети. Со внатрешни реформи ги расчистивме сите, а денес постапуваме навремено и ефикасно“, изјави Живковски.

Во фокусот е и дигиталната трансформација. Повеќе од 100 услуги се достапни онлајн преку порталот e-uslugi.katastar.gov.mk, а до крајот на 2025 година бројот ќе надмине 130. Надграден е системот за проверка на сопственост и статус на предмети, како и мобилната апликација I-Kat, која сега е достапна и за iOS. Во тек е и целосна интеграција со државниот портал uslugi.gov.mk, со цел граѓаните да ги користат сите услуги без потреба од физичко присуство.

„Целосната дигитализација е наш врвен приоритет. Ќе овозможиме сите барања и постапки да се поднесуваат онлајн. За повозрасните граѓани, шалтерите остануваат активни“, додаде директорот.

Генерално, Живковски заклучува дека и покрај зголемениот наплив на предмети, Агенцијата за катастар навремено постапува и брзо и ефикасно ги обезбедува услугите за граѓаните.

Дополнително, тој нагласува:

„Драстичното намалување на цените за одредени катастарски услуги и до 83% е нешто кое верувам дека значително ќе влијае на социјалниот стандард на граѓаните, но и услугите на катастарот ќе ги направи подостапни за сите.“

Паралелно, Агенцијата активно работи на борба против корупцијата со кампањата
„Не биди соучесник – пријави обид за корупција“, отвора нови канцеларии во Драчево и Автокоманда, и ја враќа во функција канцеларијата во Чашка.

„Продолжуваме со дигитализација, нови веб-услуги и реформи кои ќе нè доближат до целта – катастарот да стане пример за ефикасна, дигитална и транспарентна институција“, истакна Живковски.

Целото интервју прочитајте го тука: Интервју со Иван Живковски – директор на Катастарот

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Најголема студија досега покажува дека медицинскиот канабис има потенцијал во лекувањето на ракот
Следна Статија САД подготвени да го признаат Крим како дел од Русија во рамките на мировниот договор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Студентскиот дом Пелагонија има долг над пола милион евра

Студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје има ново раководство и ќе биде доведен во ред, изјави министерката за образование и наука…

November 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски ги посети повредените од пожарот во Кочани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска ги посети повредените од трагичниот пожар во Кочани, каде што во…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ученик од Миравци дискриминиран поради фризурата од директорката и од класната

Комисијата за спречување на дискриминацијата на крајот на декември донесе одлука за утврдување на директна дискриминација врз ученик во основното…

January 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кривичен го одобри во целост обвинителниот акт за случајот „Адитив“

Основниот кривичен суд Скопје донесе решение со кое се одобрува во целост обвинителниот акт за случајот „Адитив“, по што оформен…

May 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?