Министерството за внатрешни работи потврди дека во изминатиот период се поднесени три пријави за тешки кражби во Полициската станица Карпош.
Жители на скопската општина Карпош алармираат за серија обиди за провали и кражби во станбените згради. Во еден од последните случаи, граѓанка сведочела како непознато лице се обидувало да ѝ ја отклучи вратата во зграда во Карпош, по што сторителот избегал. Веднаш следниот ден, во соседна зграда била пријавена кражба, oбјави Слободен Печат.“